Свет
Израел лансираше најнов шпионски сателит Офтек 9

Израелците лансираа најнов шпионски воен сателит Офтек 9, соопштија од тамошното министерство за одбрана, пренесуваат светските агенции.
Израелците лансираа најнов шпионски воен сателит Офтек 9, соопштија од тамошното министерство за одбрана, пренесуваат светските агенции.
Ова е трет активен шпионски сателит и тежи 300 килограми а ќе ја обиколува планетата на далечина од 600 километри.
Сателитот е лансиран од воздухопловната база Пламахим на израелското крајбрежје на Средоземното море, јужно од Тел Авив.
Израелската власт го смета за најсовремен досега а израелските медиуми потенцираат дека со овој сателит ќе се зајакне присуството на Израел во вселената во момент кога земјата е соочена со настојувањето на Иран да развие нуклеарно оружје.
„ Денешното лансирање е технолошко и оперативно достигнување. Мал број држави, особено оние со големината на Израел се способни да одговорат на толку комплексен предизвик “, изјави израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак.
Претходните израелски сателити , лансирани се на почетокот на 2008, во јуни 2007 и во мај 2002 година.
Лансирањето на Офтек 6 во септември 2006 година беше безуспешно./крај/см/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.