Свет
Либискиот министер на разговори во Бани-Валид
Либискиот министер за одбрана во средата со племенските челници во градот Бани-Валид, поранешното силно упориште на ликвидираниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Маомер ел-Гадафи.
Либискиот министер за одбрана во средата со племенските челници во градот Бани-Валид, поранешното силно упориште на ликвидираниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Маомер ел-Гадафи.Изминатите денови следбениците на Гадафи од Бани-Валид ја протераа провладината милиција и припадниците на Нaционалниот преоден совет (NTC) и ја преземаа контролата врз градот. „Министерот дојде и разговараме за тоа како да се најде решение за проблемот“, изјави за Reuters Абдул Азиз ал-Џмаил, член на локалниот совет на Бани-Валид, 150 километри јужно до главниот град Триполи, додавајќи дека владините сили се распоредуваат околу градот. Министерот за одбрана, Осама ал-Џували е член на привремената влада којашто во ноември минатата година ја именуваше Националниот преоден совет. Џмаил рекол и дека „мировните сили“ составени од поранешните бунтовници лојални на Советот од другите краеви на земјата поставиле контролни пунктови на приодите кон градот. Вооружените жители на Бани-Валид во понеделникот ја нападнаа касарната на силите на Националниот преоден совет, убивајќи најмалку четири припадници на провладината полиција а ранувајќи 20-ина, при што ги натерале да се повлечат од овој пустински град. Повикувајќи се на тврдењата и жалбите на локалното население дека борците на Советот ги малтретирале, без причини апселе и ги злоставувале заробениците, градските поглавари во вторникот именуваа сопствена локална самоуправа. И соопштија дека не сакаат мешање од централните власти во Триполи. Првите информации за паѓањето на Бани-Валид во рацете на следбениците на Гадафи беа објавени во понеделникот навечер. Потоа, сегашните либиски власти ја лиферуваа информацијата дека во градот се одвива судир меѓу локалното население, со што поддржувачите на Гадафи немаат врска.Како што AFP јави во понеделникот навечер, во градот Бени Валид кој долго време беше упориште на силите лојални на поранешниот режим, избувнал судири меѓу противниците на соборениот режим и приврзаниците на Гадафи, во кој загинале четири лица а 20 биле ранети.Подоцна во текот на денот следеа информациите дека поддржувачите на соборениот водач под контрола ги имаат поважните делови на градот, вклучувајќи го и неговиот центар. Според локалните власти, тие таму го подигнале „зеленото знаме“, порано државно знаме во времето на режимот на ГадафиВо средината на февруари 2011 година, во Либија почнаа масовни демонстрации против режимот на Моамер ел-Гадафи кој четири децении беше на чело на државата. Протестите набргу прераснаа во вооружен судир меѓу силите лојални на Гадафи и вооружената опозиција. Во февруари, опозицијата во западниот град Бенгази го формираше Националниот преоден совет, којшто во моментов е единствениот легитимен орган во земјата. Советот за безбедност на Обединети нации на 17-ти март 2011 година донесе резолуција со којашто со образложение за заштита на цивилното население воведе зона за забранети летови над либиската територија и го блокираше поморските патишта кон Либија. Тоа му овозможи на НАТО да се спроведе воздушни операции против режимот на Гадафи, којашто заврши на 31-ви октомври минатата година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

