Македонија
Голем интерес за името
Веста која оригинално ја објави агенцијата Макфакс за грчката согласност околу предлогот „Република Северна Македонија“, освен во Македонија, имаше
Веста која оригинално ја објави агенцијата Макфакс за грчката согласност околу предлогот „Република Северна Македонија“, освен во Македонија, имаше и голем меѓународен публицитет.
Веста под наслов „Грција – на маса е конечно добар предлог за името“, ја објавија повеќе странски новински агенции, угледни дневни весници, како и интернет портали.
Наведувајќи го Макфакс како извор, веста ја пренесе австриската агенција АПА и ја објавија повеќе дневни весници од германското говорно подрачје, меѓу кои и угледниот виенски „Ди Пресе“.
Радио Дојче веле, програма на грчки јазик, исто така, изворно ја објави веста, а ја пренесоа повеќе портали на грчката дијаспора.
Информацијата ја пренесоа и глобалниот информативен интернет портал Топикс, сајтот на Балканската истражувачка мрежа Балкан инсајт, словачката новинска агенција СИТА, како и медиуми во Италија и други европски држави.
Веста која е најчитана според сајтметарот на агенцијата Макфакс само на порталот Топикс предизвика над 150 коментари од читатели.
Во веста се цитира актуелниот грчки амбасадор во Вашингтон, и поранешен шеф на канцеларијата за врски во Скопје Александрос Маљас дека официјална Атина во „Република Северна Македонија“ гледа конечно добар предлог од медијаторот Метју Нимиц.
„Мислам дека сега е вистинско време да најдеме решение врз основа на предлогот на Нимиц. Тоа е разумен предлог. Грција за прв пат во својата историја прифаќа терминот Македонија да биде вклучен во името за меѓународна употреба“, изјави амбасадорот Маљас минатата недела на конференција за Балканот во Вашингтон.
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во реакцијата оцени дека станува збор за еднострана идеја, која и одговара само на Грција.
„Овој спор не е само за името и овој спор имаше скриена, а сега веќе станува и отворена агенда да наштети на националниот и јазичен идентитет на македонскиот народ“, изјави Милошоски./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
И денес врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени.
Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа) со појава на грмежи.
-Во вторник претпладне ќе има повремен локален дожд, а преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, соопшти Управата за хитрометеоролошки работи.
Македонија
Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо, Франција
Кардиохирурзите при ЈЗУ Клиника за кардиохирургија, Скопје, Александар Колев и Кујтим Џелили престојуваат на Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, Франција, каде учествуваат на работилница за запознавање и обука со некои од најиновативните техники во совремата кардиохирургија.

-Заедно со мојот колега Кујтим Џелили имавме одлична можност да учествуваме на едукативна работилница во Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, организирана од Петерс.
Под менторство на водечките професори Томас Модин, Луис Лаброус и Џулијан Пелтан, се запознавме со некои од најнапредните техники во современата кардиохирургија. Меѓу нив најсофистицирана и најпрефинета беше употребата на роботскиот систем на Да Винчи за поправка на митралниот вентил, како и други минимално инвазивни кардиохируршки процедури. Преку практични тренинг сесии, вежбавме креирање на анастомози на реални модели, користејќи некои од најновите помошни хируршки апарати, напиша кардиохирургот Колев на неговиот фејсбук профил.

Тој особено го потенцира фактот дека кардиохирургија, како една од поновите гранки на медицината, продолжува да се развива и брзо напредува.
-За нас, како кардиохирурзи кои доаѓаат од мала земја како Македонија, од особено значење е да останеме во тек со овие иновации, со цел да обезбедиме највисок можен квалитет на третман за нашите пациенти, наведува д-р. Колев.
Македонија
Ѓорѓиевски на фејсбук објави дека најдоброто за Скопје допрва доаѓа
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот.
-Скопје го правиме заедно, ви го дадов мојот збор! Се чисти кејот на реката Вардар. Се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“. Најдоброто, доаѓа!, објави Ѓорѓиевски попладнево на неговиот фејсбук-профил.
Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна завчеравечер по примеопредавањето на функцијата од досегашната градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши утревечер.
Деновиве со механизација и рачно се чисти коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите од ѓубре.
Во акцијата се вклучени луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта”- Скопје.

