Македонија
Aмбасадорот Георгиевски задоволен од правата на Македонците во Србија
Македонците кои живеат во дијаспората најмногу права уживаат во Србија и Хрватска, изјави македонскиот амбасадор во Србија, Љубиша Георгиевски.
Македонците кои живеат во дијаспората најмногу права уживаат во Србија и Хрватска, изјави македонскиот амбасадор во Србија, Љубиша Георгиевски.
„Кога ќе се сретнам со моите Македонци во Србија ги советувам да бидат лојални, како што се Србите во Македонија“ изјави Георгиевски по средбата со градоначалникот на Краљево, Љубиша Симовиќ.
Амбасадорот ги посетува градовите во кои постојат здруженија на македонското национално малцинство и се обидува да воспостави економска соработка на тие градови со Македонија.
„За време на мојот последен разговор со министерот за економија констатиравме дека економската соработка меѓу Србија и Македонија опаднала за 30 отсто и дека ова се случува во момент кога двете држави трпат поради светската економска криза“ вели амбасадорот.
Според него, на неодамнешните средби со претставниците на Стопанската комора на Србија се договориле за пробивање на српското стопанство на македонскиот пазар. /крај/бе/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

