Регион
Ердоган разочаран поради инцидентот, Анкара советува да не се патува во Русија
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е многу вознемирен поради инцидентот со рускиот „Су-24“ и оти се надева дека такви нема да има во иднина, како и дека сепак во понеделник ќе има можност да се сретне рускиот претседател Владимир Путин што ќе претставува шанса да се обноват односите.
„Тој инцидентот многу нé разочара. Искрено се надевам дека такво нешто повеќе нема да се повтори. Ќе разговараме за ова прашање и ќе најдеме решение. Во понеделник во Париз“, порача Ердоган во говорот во саботата во градот Баликешир кој директно го пренесуваше телевизијата NTV.„Во понеделникот Париз ќе биде домаќин на меѓународниот самит за климатските промени, тоа може да претставува шанса за обновување на односите со Русија. Конфронтацијата никому нема да му донесе ништо убаво. Колку што Русија е важна за Турција, толку и Турција е важна за Русија. Не можеме меѓусебно да се отстраниме од хоризонтот“, додаде турскиот претседател.Во меѓувреме турското министерство за надворешни работи ги советуваше своите граѓани да ги одложат сите патувања во Русија, кои не се итни, еден од последните потези во ескалацијата на судирот меѓу Москва и Анкара. Министерството соопшти дека поради тешкотиите со кои се соочени некои турски државјани и граѓани во Русија, им советува на Турција да ги одложат сите патувања кои не се итни.Но, тешко е да се поправи штетата вез руско-турските односи која ја предизвика турското уривање на рускиот авион, а претседателот Владимир Путин на тој инцидент му дава најголем приоритет, изјави во саботата во интервјуто за државната телевизија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Според Песков, Русија треба да објави натамошни санкции против Турција подоцна во текот на денот. Овој потег уследи откако во петокот турскиот претседател Ердоган ѝ порача на Русија дека „си игра со оган“, на што Москва одговори со еднострано укинување на договорот за безвизен режим меѓу двете земји, што може да се покаже кобен за турскиот туристички сектор кој според процените остварува приход од над 4 милијарди долари годишно само од руските туристи и очекуваше зголемување, по откажувањето на руските аранжмани во Египет по соборувањето на рускиот патнички авион со 224 луѓе на 30-ти септември на синајскиот полуостров.Русија ги повикала сите партнери Турција, а особено САД, да влијаат врз идните потези на владата во Анкара. „Забрането е да се чепка во Русија“, порача Песков во интервјуто од кое делови се објавени во медиумите. Песков, исто така, ја обвини Турицја дека манипулира со доказите за уривањето на рускиот авион./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

