Македонија
Премиерот се сомнева дека СДСМ има доушник во комисијата за лустрација
Премиерот Никола Груевски во недела искажа отворено сомневање дека кон СДСМ протекуваат информации од Комисијата за лустрацијата и од Уставниот суд
„За мене беше зачудувачки што вчера СДСМ излезе со детали за Уставниот судија, кога бил назначен и кој го предложил, што значи дека тие имаат информации внатре во комисијата за лустрација, којашто во основа би требала да биде крајно професионална“, изјави Груевски.Според него, СДСМ очигледно предложил луѓе кои што не се професионални, туку и даваат информации на партијата, а понекогаш и дезинформации, односно свесно пласират дезинформации. Груевски не ја исклучи можноста СДСМ да има директна комуникација со Уставниот суд и со уставниот судија, што, како што рече, покажува дека им директна корелација со судијата или уставниот суд, односно има директно влијание.„Од тој аспект мене ми е жал што СДСМ се вмешува во вакви, работи, што става луѓе што се нивни доушници и непрофесионално ја обавуваат работата“, рече Груевски.Воедно македонскиот премиер, кој претходно во повеќе наврати го оспори кредибилитетот на Уставниот суд, денеска го доведе во прашање и неговиот легитимитет.„Се поставува прашањето за легитимноста на одлуките на Уставниот суд, особено оние што поминале со гласање 5:4 , а внатре во судот имало човек за кој што гледаме каков бил, изјави Груевски. Изјавата на Груевски уследи по зачестените дебати во јавноста, во врска со наодите на Комисијата за лустрацијата дека член на Уставниот судија бил соработник на тајните служби .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

