Економија
Германската економија заинтересирана за регионот
Стопанските комори од земјите на ЦЕФТА склучија заеднички проект со германските комори (ДИХК) со цел да се укаже дека регионот е од стратешки интерес за германската економија како и за зголемување на инвестициите во регионот.
Стопанските комори од земјите на ЦЕФТА склучија заеднички проект со германските комори (ДИХК) со цел да се укаже дека регионот е од стратешки интерес за германската економија како и за зголемување на инвестициите во регионот.
„Германските компании ќе бидат многу поприсутни во регионот како инвеститори од кога регионот ќе стане една заедничка трговска инвестициона дестинација и доколку се создадат еднакви услови во целиот регион за трговија и инвестирање“, изјави Љубица Нури, од стопанската комора на Македонија.
Проектот е насочен кон тоа коморите да се вклучат активно во ЦЕФТА спогодбата, особено во насока на промовирање на мали и средни претпријатија.
„Основната цел е поттикнување и поддршка на компаниите од ЈИЕ во насока на користење на можностите и придобивките кои ги дава самата ЦЕФТА спогодба, а се со цел да се зголемат како приходите така и вработувањата во регионот“, рече Билјана Пеева Ѓурич, национален координатор за ЦЕФТА ДИХК проектот во Македонија.
Како директни корисници кои се јавуваат во овој проект се стопанските комори на ЦЕФТА земјите како и коморите на Турција, Грција, Бугарија и Романија кои со експертиза ќе во придонесат во проектот.
Надворешно трговска размена на Македонија со ЦЕФТА земјите во првите шест месеци од 2010 година достигна вредност од 729,6 милиони долари или 11,5 отсто од вкупната надворешно трговската размена.
Остварен е извоз во вредност од 447,7 милиони, додека увозното салдо изнесува 282 милиони долари.
ЦЕФТА 2006 претставува мултилатерален договор за слободна трговија, кон кој пристапиле царинските територии на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Молдова, Србија и Косово. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

