Свет
Русија работи со Сирија на завршување на насилствата

Руски дипломат во понеделникот изјави дека Москва разговара со сириските власти за ставање крај на насилствата и дека ги започнала преговорите со тамошната опозиција, но ниту овојпат од претседателот Башар ал-Асад не побарала да ја повлече војската од градовите.
Се очекува дека сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Муалем, во текот на понеделникот да допатува во руската престолнина Москва, и дека со шефот на руската дипломатија ќе се сретне во вторникот. А тоа е 10-ти април, на денот кога истекува рокот од кој треба да започне повлекувањето на сириската армија од населените места, предвидено со мировниот план на специјалниот меѓународен пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија, Кофи Анан.
„Москва активно работи со Дамаск за да започне политичкиот процес“, изјави за Итар-Тасс, заменикот министер за надворешни работи Генадиј Гатилов.
Гатилов повторува дека спротиставувањето на Русија на инволвирањето на меѓународната заедница во внатрешните работи на Сирија, каде што, како што вели, каква и да е смена на власта треба да биде резултат на внатрешен политички процес, а на притисоци однадвор со коишто се бара оставката од претседателот Башар ал-Асад.
„Обидите однадвор само ќе доведат до зајакнување на насилствата. Секои решени мора да произлезе од суверенитетот на Сирија и на насилството треба да му се стави крај“, истакнува Гатаилов.
Претходно минатата среда шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров при неговата посета на Азербејџан најави дека претставници на сириската опозиција ќе допатуваат во Москва за да разговараат со руските политички челници за решавање на ситуацијата во Сирија, меѓутоа не прецизираше датум. Подоцна на интернет страницата на руското министерство за надворешни работи, како датум кога претставниците н асириската опозиција ќе престојуваат во Москва ги наведе на 17-ти и 18-ти април./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Британија: Путин изгубил 16 генерали на бојното поле од почетокот на војната

Рускиот претседател Владимир Путин изгубил 16 генерали на бојното поле од почетокот на војната против Украина, според британското Министерство за одбрана, пишува HuffPost.
Британското Министерство за одбрана (МО) вели, како што пренесува медиумот, дека оваа загуба сериозно го нарушила синџирот на команда и контрола во некои делови од руската војска.
Во извештај на социјалната мрежа X, објавен за време на викендот, МО истакнува дека двајца високи генерали биле убиени во 2025 година, а вкупно пет во последните 12 месеци.
„Загубата на толку многу високи офицери веројатно го нарушила синџирот на команда и контрола во делови од руските вооружени сили. Ова веројатно придонело за тактичките и оперативните тешкотии на Русија за време на конфликтот“, вели МО.
Најновата жртва е генерал-мајорот Михаил Гудков, кој почина по украинскиот напад врз руска командна позиција на 2 јули во регионот Курск во западна Русија.
Според Министерството за одбрана, Гудков веројатно ги предводел обидите на поморските пешадиски единици да воспостават тампон зона во украинскиот Сумски регион. Напредокот на Русија во регионот е забавен од украинските контранапади и значителните руски загуби.
Министерството за одбрана претходно објави дека бројот на руски воени жртви надминал еден милион од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.
Свет
Медведев за Фон дер Лајен: Се чини дека злобната старица – гинеколог им здосади на сите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најверојатно ќе остане на функцијата, иако непријатен впечаток остави приказната за набавката на вакцината „Фајзер“ за време на пандемијата, според заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Се чини дека злобната старица – гинеколог им здосади на сите. Покрај тоа, беше откриено дека си ги извалкала рацете и учествувала во манипулации со набавката на вакцините на „Фајзер“ за време на пандемијата“, изјави Медведев.
„Не е познато што, и во какви количини добила, секако остави непријатен впечаток. Ова започна непријатен процес за неа. Уште оваа недела, за судбината на Урсула ќе одлучува бесмислениот и немилосрден Европски парламент. Ситуацијата е нејасна. Многу е веројатно дека оваа токсична жена сепак ќе ја задржи својата позиција“, напиша тој на својот Телеграм канал.
Во понеделникот, Европскиот парламент на својата седница во Стразбур ќе разгледа гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија поради сериозни неправилности во набавката на вакцини за време на пандемијата на коронавирусот, пренесуваат медиумите.
Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.