Македонија
Четворица екс раководители на „Јака Табак“ проневериле над 200.000 евра
Четворица поранешни раководители на „Јака Табак“ А.Д. Радовиш од 2005 до 2009 година проневериле повеќе од 200.000 евра од компанијата, соопшти МВР.
Четворица поранешни раководители на „Јака Табак“ А.Д. Радовиш од 2005 до 2009 година проневериле повеќе од 200.000 евра од компанијата, соопшти МВР.
Кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ се поднесени против поранешниот генерален директор, претседателот на надзорниот одбор, раководител на Службата за општо-правни и кадрови работи и претседател и неизвршен член на Одборот на директори.
Според кривичната пријава, во 2005. и 2006. година раководителите продале десет апартмани во населба Бјела, Херцег Нови-Црна Гора, сопственост на „Јака Табак“ .
Целокупниот износ од продажбата на апартманите во вредност од 7.029.450 денари наместо да ги евидентираат во сметководството и да ги внесат на сметка на „Јака Табак“ АД Радовиш ги употребиле за купување на хартии од вредност издадени од АД „Јака Табак“ Радовиш и АД „Сава Табак“ Скопје во име на претседателот на надзорниот одбор и на тој начин незаконски стекнатите средства ги пуштиле во оптек во легалниот платен промет.
Потоа извршиле притисок над директорот на „Сава Табак“ за да им даде позајмица во вкупен износ од 11.400.000 денари при што како гаранција на паричното побарување пријавените заложиле 5652 обични акции во емисија на „Јака Табак“ АД Радовиш, сопственост на претседател и неизвршен член на Одборот на директори.
Половина од износот на позајмицата , претседател и неизвршен член на Одборот на директори,со парични средства кои му ги дал неговиот шура, поранешен генерален директор ги вратил на „Сава Табак“, но намерата на пријавените била останатиот дел од позајмицата да не биде вратена.
За таа цел искористиле поранешен долг кој правното лице „Голд Мак“ АД Радовиш го имал кон „Јака Табак“ АД Радовиш, за што изготвиле документација за порамнување на меѓусебните обврски, во која е употребена незаконски донесена одлука потпишана од претседател и неизвршен член на Одборот на директори во име на „Јака Табак“ за преземање на неговата обврска за враќање на преостанатиот дел од позајмицата во износ од 5.700.000 денари на „Сава Табак“.
Притоа „Сава Табак“ ги ослободува заложените 5652 акции на претседател и неизвршен член на Одборот на директори кој се стекнал со имотна корист од 5.700.000 денари./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

