Свет
Почина духовниот лидер на палестински Хезболах
Врховниот ајатолах Мохамед Хусеин Фадлалај, многу влијателен шиитски духовен лидер, починал денеска во Бејрут на 75. годишна возраст, јави агенцијата France Presse, повикувајќи се на еден од неговите главни советници
Во петокот врховниот ајатолах бил примен во болница во Бејрут заради излив, каде што починал во недела, рече советникот, кој посака анонимност. Сајад Мохамед Хусеин Фадлалај се смета за духовен лидер на Хезболах во првите години на формирањето на проиранското движење во Либан во 1982. г., со поддршка на иранските Чувари на револуцијата.Слично како и сегашниот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, и тој е вклучен на американската црна листа на терористи, изготвена во 1995. г. Во 1980-тите години беше обвинет од американските медиуми дека стои зад грабнувањето на американски заложници во Либан од страна на радикални групи, поврзани со Иран. Други медиуми го претставуваа како посредник, така што неговата вистинска улога и не беше откриена.Големиот ајатолах Сајед Мохамед Хусеин Фадлалај беше еден од најавторитетните шиитски духовни лидери. Тој имаше многубројни следбеници меѓу шиитите во Либан, но и во централна Азија и во земјите од Персискиот залив. Ја поддржуваше иранската исламска револуција и во 1982 г. по оснивањето на Хезболах стана духовен лидер и ментор на шиитската герилска органзиација.Во своите молитви и проповеди кои ги одржуваше во петок честопати жестоко ја критикуваше политиката на САД кон Блискиот исток, особено нејзината поддршка за Израел.Автор е на неколку трудови по теологија, а познат е и по отвореноста кон науката и со дрската интерпретација на текстовите од исламот. Во шиитските верски кругови беше познат како човек со умерени општествени гледишта, посебно кога станува збор за односот кон жените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

