Свет
Авион излета од пистата во Дортмунд

Авион на германската компанија Ер Берлин утринава излета од пистата на аеродромот во Дортмунд, но во инцидентот нема повредени или загинати патници,
Авион на германската компанија Ер Берлин утринава излета од пистата на аеродромот во Дортмунд, но во инцидентот нема повредени или загинати патници, јавија германските медиуми.
Авионот превезувал 165 патници, а негова крајна дестинација биле Канарските Острови.
Во инцидентот не бил повреден ниту еден патник, по што патниците со друг авион го продолжиле летот за Лас Палмас.
Аеродромот во Дортмунд ќе биде затворен се додека не се откријат причините за инцидентот./крај/бт/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо пред Зеленски: Очекувам брз крај на војната во Украина и обновување на односите со Русија

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека верува во непосреден крај на војната во Украина и обновување на односите со Москва, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави ТВ TA3.
„Разговаравме за билатералната соработка со рускиот претседател Владимир Путин. Да, можеби имаме различни ставови со Украина по ова прашање, но веруваме дека конфликтот ќе заврши многу брзо, а односите со Русија ќе се нормализираат“, истакна Фицо.
Тој нагласи дека разликите во мислењата не треба да ја попречуваат практичната соработка на државите.
Од друга страна, Зеленски изјави дека го информирал словачкиот премиер за содржината на неговиот неодамнешен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, како и за активностите во рамките на таканаречената „коалиција на добронамерните“. Украинскиот лидер додаде дека со Фицо разговарал и за енергетската независност на Европа.
Фото: принтскрин
Свет
Протести во Киев: Украинците против строгите казни за војниците

Во Киев, на Плоштадот на независноста започна протест против заострувањето на казните за воениот персонал за непочитување на наредбите и произволно напуштање на единиците, објави украинскиот портал Strana.ua.
„Демонстрантите инсистираат на усвојување на законот за воен омбудсман како механизам за заштита на правата на војниците и ги повикуваат властите да ја напуштат практиката на сè построги мерки во армијата“, наведува весникот.
Според организаторите на протестот, новите прописи им оневозможуваат на војниците кои ја напуштиле единицата да се префрлат во други формации, но ги принудуваат да се вратат на претходните услови, што дополнително создава незадоволство.
Законот за зголемување на мобилизацијата стапи на сила на 18 мај 2024 година. Тој предвидува обврска на сите регрути да ги ажурираат своите информации во воените регистри или преку „електронскиот налог на регрути“.
Поканата се смета за доставена дури и ако регрутот не ја примил лично – доволно е документот да биде заверен со забелешка дека доставувањето не било можно. Сите регрути се должни секогаш да носат воена легитимација и да ја покажат на барање на вработените во територијалните центри и полицијата. Во исто време, законот не ги специфицира условите за демобилизација, според медиумите во регионот.
Фото: принтскрин
Свет
Финскиот претседател: Украина не смее да ја повтори нашата судбина по Втората светска војна

Претседателот на Финска, Александар Стуб, изјави дека Украина не смее да ја доживее судбината на Финска по Втората светска војна, кога беше принудена да се прилагоди на новата безбедносна реалност.
Во интервју за францускиот весник „Л’Експрес“, Стуб нагласи дека поддржувачите на Киев нема да дозволат да се повтори такво сценарио.
„Ова не треба да се случи. Украина не треба да се најде во истата ситуација во која се најдовме ние по Втората светска војна. И сигурен сум дека нема да дозволиме тоа да се случи“, рече финскиот лидер.
Тој додаде дека првиот чекор во решавањето на кризата е постигнување прекин на огнот, по што би следувале преговори за териториите.
Во претходните изјави, финскиот претседател нагласи дека добро ги познава руските позиции, но нагласи дека Финците не се плашат од соседството со Москва и дека се чувствуваат „непоколебливо“.
Фото: принтскрин