Регион
Мајката на грчкиот премиер се жали оти синот ни јаде, ни спие

Мојот Алексис во последно време ниту јаде, ниту спие, вели мајката на грчкиот премиер Аристи Ципрас во интервјуто за грчкиот неделник Parapolitika, и се жали дека синот повеќе нема време ниту за неа.
„Во последно време мојот Алексис, ни’ јаде, ни’ спие, но нема избор, должен е кон народот кој му укажа доверба“, вели за саботното издание на неделникот 73-годишната Аристи Ципрас.
„Многу ретко го гледам во последно време. Постојано е на релација аеродром – парламент. Нема време ниту за сопствените деца. Па како да има време за мене?“, вели загрижената мајка на грчкиот премиер.
„Кога разговараме, му велам секогаш да води сметка за својата земја, но и да внимава на себеси. Ми одговара да не се грижам и дека на крајот сé ќе биде добро“, додава госпоѓа Ципрас.
Неделникот забележува дека на фотографиите од последниот период четириесетгодишниот премиер изгледа заморено, загрижено често со раката потпирајќи си го челото, додека седи во парламентот кој минатиот четврток усвои низа тешки реформи, кои беа критикувани од повеќе влијателни членови на неговата Сириза./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.