Свет
Мубарак може да биде префрлен во затворска болница

Египетскиот јавен обвинител изјави дека лекарите сметаат дека соборениот египетски претседател Хосни Мубарак кој поради здравствени проблеми е хоспитализиран во Шарм ел-Шеик, е доволно опоравен за да може да биде префрлен во затворска болница.
Египетскиот јавен обвинител изјави дека лекарите сметаат дека соборениот египетски претседател Хосни Мубарак кој поради здравствени проблеми е хоспитализиран во Шарм ел-Шеик, е доволно опоравен за да може да биде префрлен во затворска болница.Според египетските медиуми, Мубарак треба да биде префрлен во затворската болница во каирскиот затвор Тори, каде го чека испитување за наводна поврзаност со корупција и убиства. „Јавниот обвинител му нареди на Министерството за внатрешни работи поранешниот претседател Хосни Мубарак да биде префрлен во болницата Мазра во каирскиот затвор Тори, каде што ќе бидат подготвени да го примaт“, се вели во соопштението на Обвинителството цитирано од Reuters.По големиот народен бунт кој следеше од долгодишното незадоволство на Египќаните и по 30 години на претседателската функција Мубарак поднесе оставка и се повлече во летувалиштето Шарм ел-Шеик. На денот кога Обвинителството донесе одлука за негово приведување заради испитување, Мубарак беше примен во локалната болница поради здравствени проблеми. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на ОН го осуди терористичкиот напад во Индија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш остро го осуди нападот врз туристи во индиски Кашмир во кој вчера загинаа најмалку 26 лица, изјави неговиот портпарол.
„Генералниот секретар нагласува дека нападите врз цивили се неприфатливи под никакви околности“, додаде тој, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите кои беа жртви на вооружен напад.
Милитанти отворија оган врз туристи во Пахалгам, на околу 90 километри од Сринагар на индиската територија Џаму и Кашмир, при што загинаа најмалку 26 лица.
Повеќето од загинатите се туристи, наводно од различни региони на Индија, а според најавата на првиот министер за Џаму и Кашмир, Омар Абдула, бројот на загинатите се уште се утврдува.
Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Кашмирски отпор.
Свет
Американскиот државен секретар го откажа учеството во мировните преговори за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио нема да учествува на разговорите во Лондон со цел да се стави крај на војната во Украина, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.
По разговорот со својот британски колега, на социјалната мрежа Икс Рубио најави дека ќе го одложи патувањето и ќе го посети Обединетото Кралство во наредните месеци.
Разговорите ќе продолжат, а на нив ќе присуствува и пратеникот на претседателот Доналд Трамп за Украина, генералот Кит Келог, додаде тој.
Сепак, не е јасно дали неговото отсуство значи дека Трамп ги намалил очекувањата на Вашингтон за состанокот во Лондон, откако во неделата рече дека се надева оти Москва и Киев ќе постигнат договор оваа недела за ставање крај на конфликтот во Украина.
„Во овој момент, додека се уште траат состаноците во Лондон, тој нема да биде присутен. Сепак, оваа изјава не се однесува на самите состаноци, туку на логистички прашања во неговиот распоред“, изјави Брус за новинарите на редовниот брифинг. „Генералот Келог е таму и тој ќе учествува во разговорите“, додаде таа.
Одлуката уследи по предупредувањето дека САД ќе се повлечат од напорите за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина доколку наскоро нема јасни знаци за напредок.
Европа
Телото на папата Франциско денеска ќе биде преместено во базиликата

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан.
Телото на папата моментално е положено во ковчег во капелата на Домот Света Марта, каде што живеел за време на неговото папство.
Ватикан вчера соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим.
На последното збогување ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и странски лидери како американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.