Свет
Во два напада најмалку 7 мртви во Пакистан
Најмалку седум луѓе загинале меѓу кои е и жена самоубиец а 21 се ранети, во четвртокот во два напада во северозападниот пакистански град Пешавар.
Во првиот напад со бомба врз полициско комбе во реонот Гулабхар на градот Пешавар убиени се најмалку пет лица, меѓу кои четворица се цивили и еден ученик. Во овој напад, според полициски извори, биле повредени 18 полицајци а во самото возило се превезувале 20 припадници на полицијата во Пешавар. Како што известува AFP, бомбата била сокриена крај улицатаНеколку метри подалеку, жена самоубиец облечена во традиционалната муслиманска облека бурка фрлила граната врз полициска станица, а пото го активирала експлозивот кој го носела на себе, изјавил за агенцијата полицискиот офицер Шафкат Малик. Покрај жената напаѓач, во оваа експлозија била убиена уште една жена – цивил а ранети биле три полицајци.„Сé уште не знаеме дали втората загината жена е соработничка на напаѓачката или била случаен минувач. Жените бомбаши самоубијци се ретки во Пакистан“, додал Малик. Засега ниедна од познатите исламистички групи кои дејствуваат во племенскиот појас на земјата на ја зема одговорноста за нападите. Изминатите неколку години Пешавар е погоден од бројни бомбашки напади, во кои имаше големи загуби. Во средата,непознати вооружени лица нападнаа полициски контролен пункт во југозападната провинција Балочистан и убија најмалку двајца пакистански полицајци а ранија уште тројца други. Во нападите коишто им се припишуваат на талибаните и другите исламистички групи кои уследија ширум Пакистан по нападот на владините сили врз џамија во Исламабад којашто ја заземаа екстремистите во 2007 година, убиени се повеќе од 4.500 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон за нападот во Франција: Правдата ќе ја утврди вистината
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека има целосна доверба дека правосудниот систем на земјата ќе ја утврди вистината и ќе реагира со најголема цврстина откако возач на автомобил намерно удри неколку луѓе на островот Олерон во средата.
„Сите сме шокирани од нападот. Изразувам најдлабоко сочувство до повредените и семејствата на погодените. Им се заблагодарувам на нашите безбедносни и спасувачки сили кои беа мобилизирани за да го заштитат францускиот народ“, изјави Макрон, кој моментално е во Бразил, каде што учествува на климатскиот самит.
Возачот, 35-годишен маж кој живее на островот, намерно прегазил пет лица вчера, соопштија обвинителите.
Градоначалникот на Сен Пјер д’Олерон ја потврди намерата на возачот да удира во случајни минувачи.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека осомничениот покажувал експлицитен религиозен став и бил предмет на саморадикализација.
Сепак, во оваа фаза од истрагата, не е јасно дали религиозните мотиви биле причина за нападот, објави Ројтерс. Две лица повредени во инцидентот се уште се во сериозна здравствена состојба.
Регион
38-годишен маж претепан до смрт во Белград: „Жртвата има ужасни повреди на лицето“
Припадници на белградската полиција ги уапсија С.Р. (40) и В.С. (46) под сомнение за сторено тешко убиство, додека интензивно се бара уште едно лице. Тие се осомничени дека претепале до смрт 38-годишен маж во напуштена зграда во Белград. Телото беше пронајдено вчера наутро, објавува Нова.рс.
Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари нанесени со тапи предмети по целото тело. Се сомнева дека жртвата била претепана со стап и шипка.
„Жртвата има ужасни повреди на лицето, главата и телото, кои најверојатно се нанесени од тврд предмет. Во куќата се пронајдени метална шипка и дрвена палка, кои форензичките експерти ги зедоа од местото на настанот за испитување. Се сомнева дека човекот бил претепан до смрт со овие предмети“, вели извор запознаен со случајот, додавајќи дека убиството веројатно се случило 24 часа пред да биде пронајдено телото.
На уапсените осомничени им е одреден притвор до 48 часа.
Свет
Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите
ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.
Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.
Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.
Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.

