Македонија
Награди за македонските ученици на меѓународни натпревари по информатика
По повод големиот успех на македонските ученици на натпреварите во балканската и јуниорската балканска олимпијада по информатика што се одржа од 03 до 09 јуни во Бистрица, Романија и Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ) која годинава се одржа во Тајланд од 22-ри до 29-ти јули,
По повод големиот успех на македонските ученици на натпреварите во балканската и јуниорската балканска олимпијада по информатика што се одржа од 03 до 09 јуни во Бистрица, Романија и Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ) која годинава се одржа во Тајланд од 22-ри до 29-ти јули, факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, утре ќе додели награди и благодарници на помагателите и учесниците на натпреварите.
Со подобар успех од минатата година, македонскиот тим од Балканската олимпијада по информатика се врати со четири освоени бронзени медали. Освојувачи на медали се: Предраг Груевски од Битола и Христијан Богоевски од Скопје, ученици во Гимназијата „Јахја Кемал“ и Јован Крајевски и Дејан Божиновски од Скопје ученици во Гимназијата Раде Јовчески Корчагин.
Додека истовремено со настанот се одржа и 5-тата Јуниорска балканска олимпијада по информатика, на Денис Мазникар од Штип и Филип Бујаровски од Скопје освоија две бронзени медали.
Со ова покажуваме дека учениците од Македонија можат да се носат со предизвиците на врвното програмирање и дека може да парираат на ученици избрани од многу побројни нации“ вели Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари на Македонија.
На 23-тата Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ) под покровителство на Нејзиното височество Принцезата Маха Чакри Сириндорн, Македонија се врати со освоени два бронзените медали. Успехот го остварија Предраг Груевски од Битола и Христијан Богоевски од Скопје, ученици во гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје.
На церемонијата која е закажана со почеток во 12 часот во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет предвидено е да се обратат Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Трајанов, Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, м-р Миле Јованов – како организација која ги спроведува натпреварите по информатика за основно и средно училиште во Македонија. /крај/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

