Македонија
Хелсиншки комитет задоволен од пресудите за мартовските протести
Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздравува денешната пресуда за обвинетите за насилните протести што се случија во март за поддршка на тогаш избраниот министер за одбрана, Талат Џафери.
Хелсиншки е оштетана странка во постапката бидејќи за време на насилните протести беше нападната и подружницата на Хелсиншкиот комитет – ЛГБТИ Центар за поддршка, при што причинија материјална штета.
„Особено ја поздравуваме одлуката на судот да го прифати нашиот предлог (како оштетена странка во постапката) при одмерување на казната како отежнителна околност да се смета фактот што нападот на Центарот е сторен поради неговата основна функција – поддршката на ЛГБТИ популацијата и борбата против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“, се вели во соопштението на Хелсиншки.
Во петок осумина од обвинетите за инцидентите добија затворски казни од три месеца до една година, шестмина добија условни казни, а тројца беа ослободени од обвинение.
Но оттогаш ЛГБТИ Центарот за поддршка беше нападнат уште двапати, и тоа на 22-ти јуни 2013 година кога во Центарот беа присутни околу 40 гости на „Неделата на гордоста“ и во петокот 5-ти јули кога во раните утрински часови некој се обидел да го опожари потпалувајќи го покривот. Хелсиншкиот комитет поседува снимки и од овие настани./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

