Контакт

Општество

Рекорден буџет на ФЗОМ за 2015-та

Објавено пред

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) и во 2015 година ќе има рекорден буџет во износ од 24 милијарди денари, во однос на минатата 2014 година зголемен за 1,4 милијарди денари, или 6,4 отсто.

dobivaj vesti na viber

Поради ова, Фондот направи распределба и зголемување на буџетите на јавните здравствени установи во износ од 600 милиони денари (12,2 милијарди во 2014 година, 12,8 милијарди денари во 2015 година.

„Успешниот проект за условните буџети во јавно здравство Фондот продолжува да го реализира и проширува и во 2015 година. Предуслов за проширување на условните буџети се инвестициите во нова инфраструктура, нова опрема, вработувања, обуки, стручни специјализации на медицинскиот кадар во јавното здравство во Република Македонија“, велат до ФЗОМ.

Покрај веќе воспоставените условни годишни буџети во клиниките, во 2015 година Фондот воведува условни буџети за нови здравствени услуги во четири клиники и тоа кај: ТОАРИЛУЦ – операции на сколиози, Клиника за очни болести – крослинкинг, кератотомија, трабекулектомија Клиника за неврохирургија – коилирање на аневризми во мозок, Клиника за кардиологија – нов тип на стентирање за аневрзима на абдоминална аорта (досега само хируршки), Условни буџети за општите и клинички болници за 2015 година

Фондот првпат воведува наменско буџетирање за одредени интервенции и кај општите и клиничките болници. Условните буџети за операции на слепо црево, кила и жолчка во Клиничките и Општите болници надвор од Скопје се однесуваат за здравствени услуги, односно за операции кои спаѓаат во рутински интервенции и секој општ хирург ги изведува. Целта е што поголем број на осигуреници да добијат рутински интервенции во најблиската болницата, а не како досега во Скопје. Со тоа и клиниките во Скопје ќе можат да изведуваат посложени операции.

Досега овие операции 40 отсто се изведувале во Скопје, а 60 проценти надвор од Скопје. Трендот е лош, велат уште од ФЗОМ, бидејќи иако се инвестира во болниците вон Скопје, сепак од година в година, осигурениците за рутински интервенции и понатаму се препраќаат во Скопје. Затоа, Фондот, во договор со општите и клиничките болници, воведе за 2015 година, условни буџети со минимум број на интервенции во секоја болница, за кила, жолчка и слепо црево. Во бројки, тоа значи дека предвидени се околу 1400 дополнителни операции вон Скопје, од кои 300 на слепо црево, 420 на кила и 650 на жолчка. Односно, 1400 осигуреници ќе бидат згрижени во најблиските болници за рутински интервенции.

Со овој стимултивен начин на финансирање на болниците, ќе овозможиме и порамномерна распределба на бројот на извршени операции на сите хирурзи во Македонија и поголемо задоволство на нашите осигуреници.

Овие рутински интервенции во 2014 година, се изведувале во просек 56 операции по хирург вон Скопје, односно, 71 во Скопје. Со овој проект, во 2015 година, планот е во просек по хирург 70 рутински операции да се изведуваат вон Скопје. Ова значи дека во просек секој хирург во општите болници во Македонија ќе треба годишно да изведува дополнително 14 рутински операции.

Директорката на ФЗОМ, Маја Парнаџиева Змејкова, ги истакнува притоа општите болници во Кочани, Струмица и Струга, чии хирурзи во 2014 година оперирале пациенти над просекот, односно 71 операција по хирург годишно, поточно оперирале рутински операции, исто како нивните колеги во Скопје. Смета дека споменатите три болници нема да имаат никаков проблем да ги реализираат предвидените планови.

Овој проект ќе биде предизвик за клиничките болници Битола и Штип, кои ќе треба да направат една третина повеќе операци во однос на 2014 година (980 Битола и 910 Штип). Од општите болници со најголем предизвик ќе се соочат Кавадарци, Охрид и Гостивар, кои треба да изведат приближно 25 отсто поголем број на рутински операции (Кавадарци 350, Охрид 420, Гостивар 630).

Планираните финансирања и предвидените измени, според проекциите на ФЗОМ, ќе обезбеди осигурениците да ја добиваат потребната здравствена услуга, во градот или во најблискиот град каде живеат, хирурзите на клиниките ќе можат да се ослободат од рутински операции и ќе може да изведуваат поголем број на комплексни операции, а граѓаните ќе заштедат пари за пат, и сместување во главниот град./крај/мф/сд

Извор: Макфакс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет3 часа

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет3 часа

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт13 часа

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет16 часа

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет17 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија19 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија20 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија22 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија23 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет24 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ24 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа1 ден

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет1 ден

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет1 ден

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет1 ден

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет2 дена

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија2 дена

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија2 дена

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...