Црна хроника
Двајца кичевци нападнале полицаец оти сакал да ги легитимира

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против двајца кичевци кои на 15-ти овој месец нападнале полицаец кој сакал да ги легитимира.
На 15 јануари, попладнето, околу 17.50 часот во угостителскиот објект „Јаху“ во Кичево, полициски инспектор сакал да изврши легитимирање на еден од кичевците, дваесет и тригодишниот А.Б. Дваесет и едногодишниот Е.П. се налутил оти полицаецот сакал да го легитимира неговиот пријател, почнал да го навредува, а потоа и да го удира со рака во пределот на главата. Во нападот се вклучил и А.Б. кој продолжил да го удира во главата. пред да избегаат Е.П. му упатил навреди и закани по животот на полицаецот. При претрес во домот на А.Б. пронајдена е една празна рамка за муниција од пиштол. Двајцата и се познати на полицијата и против нив досега се поднесувани повеќе прекршочни пријави за нарушен јавен ред и мир со физички напад и тепачка, а против Е.П. и за неовластено пукање со огнено оружје.За овој инцидент против нив е поднесена кривична пријава за “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Торба со марихуана пронајдена во автобус во затворот Идризово

Торба со марихуана е пронајдена во автобус паркиран во гаража во затворот Идризово.
Според информациите на МВР, денеска околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 17.08.2025 околу 21:00 часот била извршена контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, при што во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена една торба во која имало марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Два автомобили и автобус се судрија на патот Кичево – Гостивар, повредени деца

Вчера во 10:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево.
Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Обид за убиство во хотел во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.
Според информациите на МВР, на 25 јули во хотел на охридското крајбрежје во Охрид, тој физички нападнал жител на Скопје, при што употребил и нож, по што набргу бил совладан и уапсен.