Македонија
Охридските хотели до врв полни за новогодишните празници
Охрид е хит дестинација за дочек на Нова година. Охридските хотели се речиси целосно исполнети, во најголем дел со гости од соседните држави, јавува „Ohridnews“.
Охрид е хит дестинација за дочек на Нова година. Охридските хотели се речиси целосно исполнети, во најголем дел со гости од соседните држави, јавува „Ohridnews“.
„Хотелите „Метропол“ и „Белви“ во овој момент се исполнети над 90 проценти. Најбројни се гостите од Србија, Бугарија и Грција, а интерес има и од домашните туристи“ изјави менаџерот Филип Мишески.
Во двата сместувачки капацитети на „Климетица“ исполнетоста е преку 80 проценти.
„Главно тоа се гости од Црна Гора и Србија, а дел од аранжманите се продадени на домашни туристички агенции“ изјави Љупчо Цветаноски од хотел „Климетица“.
Околу 70 отсто од резервациите се продадени и во хотелот „Тони“, каде исто така најбројни се гостите од балканските држави.
„Со оглед на интересот очекуваме деновиве да бидат продадени и преостанатите аранжмани за новогодишните празници“ истакна менаџерот Владо Секулоски.
Речиси целосно исполнет е и хотелот „Силекс“ кој деновиве ја промовира програмата за дочекот на Новата година.
„Оваа Нова година во Охрид ќе биде екстра одлична исполнетост. Нашиот објект е 90 отсто продаден на гости од Србија и Црна Гора, а има интерес и од домашните туристи“ изјави менаџерот Тоше Чочороскки.
Главно охридските хотели нудат тридневни аранжмани за Нова година, чија цена се движи од околу 110 до 160 евра по гостин.
Познати се и најголемиот дел од естрадните уметници кои ќе настапат на градскиот плоштад за дочекот на Нова година.
Како што неофицијално дознаваме охриѓани и гостите на плоштадот ќе ги забавуват Ѓоко Танески, Кербер, Денис Мурат и Аренси бенд, а се чека потврда од уште едно звучно име од домашната музичка сцена./крај/ohridnews/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Скопје
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.