Контакт

Македонија

11-ти Oктомври е столб на македонската нација, порачаа борците

Објавено пред

Државни, партиски и делегации на борците од Народно-ослободителната борба денеска положија свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на гробот на командантот на Генералштабот Михајло Апостолски по повод празникот 11 Октомври-Денот на антифашистичкото востание и НОВ

dobivaj vesti na viber

Учесниците во оваа борба ја искористија приликата да се потсетат на деновите пред речиси седум децении и да порачаат дека 11-ти октомври е најголем македонски празник.„Горда сум на наша Македонија. Горда сум на македонскиот народ кој е вечно во некаква борба, вечно во некакво докажување. Празникот 11 октомври е најголем македонски празник. Тој е столб на македонската нација, столб на македонската држава. Го слави секој. За мене анти-фашистичката борба е карактеристична што учествуваше народ, и мажи и жени. Јас ќе ги повторам зборовите на една жена од војната: нашите кесиња беа касите на партизаните, нашите сандуци беа сандуци за оружје, така што огромна улога одиграа и жените“, вели Олга Божиновска, борец од 1941 година.„Македонскиот народ, по 23 години окупација од кралска Југославија, од царска Бугарија, од кралска Грција никој не знае што поминал за да опстои. Тогаш се јавија младите комунисти и гинеа година, година и половина за да го прават при свест тој народ, да ја продолжи својата развојна линија што му беше прекинувана“, изјави Тодор Атанасовски, претседател на Сојуз на борците од НОАВМ 1941-1945 година.Почит на загинатите оддадоа високи државни и партиски делегации.„Деновите како 11-ти октомври не потсетуваат на се она што се случувало во инатот и на сите жртви што се паднати за слободата на Македонија. На деновите како денешниот се потсетуваме и на се она што е жртвувано за да ние живееме во една слободна држава и за заветот што претходните генерации го имаат оставено на денешните генерации за чување на слободата на Македонија и ние нивниот завет ќе продолжиме и понатаму да го чуваме“, изјави Васко Наумовски, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања.„Навистина треба да ги почитуваме делата што се направени од 1941-ва до 1945-та година. Многу луѓе, херои, го дадоа својот живот за оваа денешна независна Македонија и мислам дека и по општо и поконкретно Владата и државата треба да го прославува овој празник.“, рече Јани Макрадули, потпретседател на македонското Собрание.„Во Втората Светска Војна Македонија беше на вистинската страна, благодарение на партизанските одреди и партизанските бригади, со повеќе од 20.000 жртви и со огромни страдања. Но 100-илјадната македонска војска на крајот на војната беше најдобар гарант за државноста на Македонија кој што никој потоа не можеше да ја одрекува“, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година започна организираното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.Еден ден подоцна започнаа борби и во Куманово, што беше вовед до конечното ослободување на земјата и создавањето на современа Македонија.Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.По повод празникот, ширум земјата се одржуваат повеќе пригодни свечености.

Македонија

Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ

Објавено пред

„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.

Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Објавено пред

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9

dobivaj vesti na viber

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска дел од Центар

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија8 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет12 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет13 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет20 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет21 час

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет21 час

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет21 час

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет22 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет2 дена

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...