Македонија
Пратениците од опозицијата поднесоа интерпелација за Јанкулоска
Пратеничките групи на опозициските партии СДСМ, НСДП и ПЕИ денеска до Собранието поднесоа интерпелација за работата на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Пратеничките групи на опозициските партии СДСМ, НСДП и ПЕИ денеска до Собранието поднесоа интерпелација за работата на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Бараат министерката да одговара за случајот со убиеното момче, Мартин Нешковски, за уривањето на деловниот комплекс „Космос“ сопственост на пратеникот на ПЕИ, Фијат Цаноски, како и за случајот „Кампања“ и оти ги попречила пратениците да направат увид во документацијата за тоа како бил следен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Министерката пак во интервју за МИА вели дека јавноста е навикната на напади и прозивки од страна на опозицијата без основа или поднесување на интерпелации без аргументи.
„Затоа залудно е да се оптоварувам со нивните одлуки и мотиви. За мене е важно тоа што по првите две интерпелации следеа избори на кои граѓаните јасно и недвосмислено и кажаа не на ваквата политика на опозицијата и ги казнија транзициските манипуланти заглавени во 90-тите години од минатиот век“ вели Јанкулоска.
Претседателот на Комисијата за надзор над комуникациите на МВР, Тито Петковски иницираше интерпелација на министерката незадоволен од одговорите на МВР за следењето на Бошкоски.
Тој тврдеше дека Бошкоски бил прислушуван незаконски, додека Јанкулоска во дописот му напиша дека Бошкоски не бил прислушуван и дека таква документација во МВР не постои./крај/макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

