Свет
Француска адвокатка насила скинала бурка од муслиманка
Една 60-годишна адвокатка во Франција, насила ја скинала бурката од една муслиманка во текот на расправија во бутик, по што дошло и до тепачка, пренесува „Телеграф“.
Една 60-годишна адвокатка во Франција, насила ја скинала бурката од една муслиманка во текот на расправија во бутик, по што дошло и до тепачка, пренесува „Телеграф“. Полицијата истакнала дека ова е прв испад на насилство во Франција поврзан со бурките. Адвокатката, во текот на својот шопинг овој викенд во Трињак, прво го навредила начинот на облекување на муслиманките, што резултирало со расправија и тргање на бурката од лицето на девојката, за потоа да настапи и тепачка, по што двете жени биле уапсени. Муслиманката која имала 26 години, влегувала во продавницата, кога ги слушнала „навредливите коментари од адвокатката на сметка на нејзината бурка“. „Адвокатката не беше среќна што ја гледа жената која беше покриена со платно и сакаше бурките да се забранат што поскоро,“ рече полицаецот кој работел на случајот. Портпаролот на полицијата изјавил дека се поднесени две пријави и дека муслиманката ја обвинила адвокатката за расна и религиозна навреда. Адвокатката, од друга страна, поднела тужба за напад. Овој инцидент се случува во време на растечки тензии во Франција, која се подготвува да воведе комплетна забрана за носење на бурки и други религиозни предмети со кои се покриваат лицата на жените, потсетува британскиот весник. Францускиот парламент веќе усвои резолуција за забрана на бурките и другите форми на исламски фустани бидејќи се во спротивност со националните вредности. Откако забраната ќе стапи во сила, како што се очекува на есен, Франција ќе стане втората земја која ќе ги забрани исламските облеки на јавни места, по Белгија./крај/бл/мм/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го сака Тикток на американскиот пазар, најави и крај на „трансродовото лудило“
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека е за продолжување на Тикток да работи во земјата барем на некое време, тврдејќи дека добил милијарди прегледи на платформата за социјалните медиуми за време на претседателската кампања.
Коментарите на Трамп пред толпата конзервативни поддржувачи во Феникс, Аризона, беа еден од најсилните сигнали досега за неговото противење на можното излегување на Тикток од американскиот пазар.
Во април, Сенатот усвои закон со кој се бара од матичната компанија на Тикток, кинеската БајтДенс, да ја продаде апликацијата, повикувајќи се на загриженост за националната безбедност.
Сопствениците на Тикток се обидоа да го поништат законот, а Врховниот суд на САД се согласи да го сослуша случајот. Но, ако судот не донесе одлука во корист на БајтДенс и продажбата не се случи, забраната за апликацијата во САД би можела да стапи на сила на 19 јануари, ден пред Трамп да ја преземе функцијата претседател.
Нејасно е како Трамп ќе постигне поништување на одлуката за продажба на Тикток, која беше изгласана со огромно мнозинство во Сенатот.
„Мислам дека ќе треба да почнеме да размислуваме за тоа затоа што, знаете, отидовме на Тикток и имавме одличен одговор со милијарди и милијарди прегледи“, рече Трамп на толпата на „АмерикаФест“, годишен фестивал, организиран од конзервативната група Turning Point.
„Ми ги покажаа бројките, тие беа рекордни, и беше толку убаво да се види, и додека гледав, реков „добро, можеби треба да го задржиме ова уште некое време“, рече тој.
Трамп во понеделникот се сретна со извршниот директор на Тикток. На прес-конференција истиот ден, тој рече дека Тикток „го добил“ благодарение на успехот на неговата кампања на апликацијата.
Американското Министерство за правда тврди дека кинеската контрола над ТикТок претставува континуирана закана за националната безбедност, позиција што ја поддржуваат повеќето американски законодавци.
„Ден на ослободувањето“
Во неделата во Феникс, Трамп повторно се сврте кон имиграцијата, уште една омилена тема во неговата кампања.
На првиот ден на функцијата, тој вети дека „ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти и запирање на инвазијата на нашата земја. А истиот ден, тој ќе ја започне најголемата операција за депортација во историјата на Соединетите Американски Држави“.
„20-ти Јануари навистина ќе биде ден на ослободување во Америка“, рече тој за време на настан организиран од Turning Point USA, конзервативна младинска организација.
Тој најави и дека ќе престане со „трансродовото лудило“ уште на првиот ден на функцијата, наведувајќи дека под негова администрација ќе има два пола – машки и женски.
„Ќе потпишам извршни наредби за ставање крај на сексуалното осакатување на децата, исклучување на трансродовите лица од војската и исклучување од нашите основни и средни училишта.
Трамп им вети на толпата млади конзервативци „да ги чува мажите надвор од женскиот спорт“, додавајќи дека „официјалната политика на владата на Соединетите држави ќе биде дека има само два пола, машки и женски“.
Свет
(Видео) Запалил жена во метрото во Њујорк, а потоа мирно продолжил да седи додека таа умирала
Една жена која спиела во метро станица во Бруклин починала откако била запалена во неделата наутро, соопшти њујоршката полиција.
Осомничениот е имигрант од Гватемала кој влегол во САД во 2018 година, додаде полицијата. Тој мирно и пришол на жртвата која била во седечка положба и најверојатно и ја запалил облеката со запалка која за неколку секунди се разгорела.
NYPD has arrested Sebastian Zapeta, a Guatemalan migrant, accused of setting a sleeping woman on fire on a New York subway and watching her burn to death. pic.twitter.com/Hv70Jl51W7
— Tiffany Fong (@TiffanyFong_) December 23, 2024
За гаснење на пожарот била повикана итна помош, но на местото на настанот била констатирана смрт на жената. За тоа време, осомничениот мирно седел на станицата, но неговиот чин бил снимен од камерите и бил препознаен од сведоци.
Засега нема повеќе информации за жртвата. Њујоршкото метро во текот на зимските месеци често е рај за бездомниците кои бегаат од студот. Во Њујорк во моментов времето е студено, а ноќните температури се спуштаат до -10 степени.
Свет
Мал авион се урна во шума во Мексико, најмалку седум загинати; Објавени фотографии
Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион синоќа во шумска област во западната мексиканска држава Халиско.
„Авион Цесна 207 кој летал од Ла Парота, во соседната држава Мичоакан, доживеа несреќа и падна во тешко пристапна област“ во источниот дел на Халиско, напиша на платформата Икс, цивилна заштита, објавувајќи фотографии од местото на несреќата.
#ENTÉRATE 🚨 *Accidente aéreo, Quitupan, Jalisco*
La tarde de este domingo, una avioneta tipo Cessna 207, proveniente de La Parota, Michoacán, sufrió un accidente aéreo, desplomándose en una zona boscosa de difícil acceso.
1/4 🧵 pic.twitter.com/CRNTp5txJw
— Protección Civil JAL (@PCJalisco) December 23, 2024
Полицијата, прва на местото на настанот, „прелиминарно пријавила смрт на седум лица“, но жртвите се уште не се идентификувани. Несреќата се случила недалеку од Мазамитла, регионална туристичка дестинација, пишува Франс Прес.