Македонија
Милошоски во Стразбур ги претстави активностите на Комитетот на министри
Министерот за надворешни работи на Антонио Милошоски во својство на претседавач со Комитетот на министрите, пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа ги претстави активностите на Комитетот на министрите меѓу двете сесии
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во свјот говор ставил акцент на досегашните ангажмани преземени од Македонското претседателство, со посебно подвлекување на присуството на СЕ во Грузија, ситуацијата во Босна и Херцеговина и последните актуелни случувања околу ромските прашања во Европа за е закажана и посебна конференција на 20 отомври годинава.Милошоски се задржал на спроведувањето на одлуките на конференцијата од Интерлакен за засилувањето на ефикасноста на системот за заштита на човекови права и работата на Европскиот суд за човекови права, со посебен акцент на досегашните ангажмани преземени од Македонското претседателство. Во контекст на ова прашање, Милошоски нагласил дека „Македонското претседателство даде скапоцен придонес“.Тој, меѓу другото, говорел и за ситуацијата во Босна и Херцеговина, посебно по последните избори и активностите кои треба да ги преземе оваа земја за уставни реформи со кои ќе ги исполни барањата на Советот на Европа и ќе биде во согласност со пресудите на Европскиот суд за човекови права.Во однос на Молдавија, која министерот Милошоски наскоро ќе треба да ја посети во својство на претседавач со Комитетот на министрите, испратил повик до молдавските власти да продолжат целосно да ја користат помошта која им ја пружа Советот на Европа.За Косово, министерот Милошоски нагласил дека е „важно да се оди напред и да се создава клима на доверба“ меѓу Приштина и Белград. „Предизвикот е голем, но ние сме убедени дека тие можат да го задоволат“, рекол Милошоски.Претседателот на ПС на Советот на Европа Мевлут Чавошоглу е задоволен од начинот на кој Република Македонија претседава со Советот на Европа и соработката која постои меѓу Македонскотот претседателство и ПС на СЕ. Чавошоглу се заблагодари за приемот и за создадените услови за непречена работа на членовите на ПС на СЕ за време на нивните состаноци одржани во Македонија.Како одговор на прашање на турски пратеник за користењето на рефернцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“ односно кога според него Македонија ќе има ново име и кога ќе може да се каже само Македонија“, Милошоски подвлекол дека дека кога би одговорил на ова прашање „како што сакам да одговорам,ќе бидам многу популарен во македонските медиуми…“„Но ќе речам дека сум среќен поради тоа што повеќе пратеници од ПС на СЕ го поддржуваат правото на секоја нација, голема или мала да го избери слободно своето име и да се спроведува правото на самоидентификување во домот на човековоите права каков што е Советот на Европа. Но ние сме политичари кои се одговорни и реалисти. Ние знаеме дека соседна Грција продолжува да смета дека разликите меѓу двете земји е пречка за помирувањето. Ние сметаме и посакуваме дека може да се постигне договор според меѓународното право и да се почитува правото на граѓаните и нациите да го изберат нивното сопстевно име, нагласил Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.
Македонија
Гаши – Форнавре: Односите меѓу Шведска и Северна Македонија се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство Шведска – Северна Македонија на шведскиот Риксдаг, предводена од претседателката на Групата, Лота Џонсон Форнарве.
На средбата присуствуваше шведскиот амбасадор во нашата земја, Ола Солстром, како и претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, Дафина Стојаноска.
Претседателот Гаши ја истакна долгогодишната поддршка и пријателство на Кралството Шведска кон нашата земја, нагласувајќи дека односите меѓу двете држави се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување.
Посебно беше изразено задоволство од формирањето на Групата за пријателство со Северна Македонија во шведскиот Риксдаг, што претставува важен чекор кон унапредување на парламентарната соработка.
Пратеничката Дафина Стојаноска упати благодарност за континуираната шведска поддршка за стратешката цел на нашата земја – полноправно членство во Европската Унија.
Се разговараше за остварување проекти во следниот период во повеќе области – земјоделство, бизнис, родова еднаквост, што ќе значи континуитет на поддршка и пријателство.
Присутните соговорници се согласија дека интензивната меѓусебна комуникација и размената на искуства придонесуваат кон приближување на државите и народите на Шведска и Северна Македонија.
Македонија
Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
Даме Димитровски е избран за нов претседател на Советот на Град Скопје. Тој кажа дека Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност.
„Денеска, на конститутивната седница на Советот на Град Скопје, сум избран за претседател на Советот. Благодарност до советниците за довербата и до скопјани за поддршката. Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност. Ќе бидеме активен чувар на јавниот интерес и ќе работиме доследно на спроведување на темелните политики: чист град, функционален јавен превоз, безбеден сообраќај, повеќе зеленило и современи јавни услуги“, рече Димитровски.

