Македонија
Програмата на СДСМ е само список на желби

Програмата “Решенија за Македонија” на СДСМ е само список на желби без идеи за решенија, тврди владејачката ВМРО-ДПМНЕ која вчера направила детална анализа на промените кои во саботата на конгрес ги најави ривалската партија
Од ВМРО-ДПМНЕ утврдиле дека опозициската партија доколку дојде на власт ќе ги зголеми даноците, ќе продаде 49 проценти државен удел во ЕЛЕМ, со што ќе се покачи струјата и ќе отпуштува вработени од државната администрација.„Во програмата на СДСМ стои дека ќе го намалат данокот на добивка на 9%, а оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ веќе го намали овој данок на 0%, освен ако не се подели дивиденда. Ветуваат воведување на прогресивен персонален данок од доход. Но, не велат дека дека ќе го намалат за сиромашните. Тие и понатаму ќе плаќаат исто. Во СДСМ велат дека ќе го довршат автопатот Е-75 со државни пари, а тој автопат веќе се гради со пари на Светската банка. Ветува поддршка на приватниот сектор, а ги зголемува даноците“, констатира Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.За владејачката партија апсурдно е тоа што СДСМ во својата програма ветува реставрација и обнова на старите цркви и манастири.„Ние не очекувавме СДСМ по којзнае кој пат да ги потцени граѓаните и да ја покаже својата природна ароганција. Тоа што стои во програмата на СДСМ е токму тоа“, ја оценува Димовски програмата на СДСМ.Тој вели дека неговата партија најпосле е среќна што СДСМ најпосле проговори.„СДСМ не може да се крие зад лажните обвинувања и неаргументирани критики. Сега знаеме кои се, што планираат и колку знаат и можат да направат“, вели Димовски.Според владејачката партија СДСМ, доколку сакал да парира на програмата на ВМРО-ДПМНЕ морал да понуди вистински конректни решенија, со конкретни начини на реализација.„За сузбивање на сивата економија имаат напишано само една реченица: дека ќе воведат решенија кои ќе ги мотивираат работодавците да ги пријават дивовработените. Нема ни збор какви се тие решенија“, изјави Димовски на прес-конференцијата.Тој ги отфрли обвинувањата дека партијата стои зад флаерите со кои се исмева СДСМ, а на кои стои модифицираната тупаница и петокрака од логото на СДСМ.„Има ли поголем флаер од тоа што СДСМ ветува зголемување на даноците. Ние немаме потреба да стоиме зад такви флаери“, вели Димовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.
Македонија
СДСМ: Кај Мицкоски се гледа паника од растечкото незадоволство кај граѓаните

„Изјавите на Мицкоски за „успешна влада“ и „реформи“ не се ништо друго освен обид да се прикрие растечкиот страв од падот на рејтингот и гневот кој се акумулира кај граѓаните поради неспособноста и хаосот што оваа власт го создаде. Смета ли Мицкоски навистина дека граѓаните не гледаат што се случува“, прашуваат од СДСМ.
„Дека ќе поверуваат дека нема корупција, додека институциите се претвораат во партиски испостави? Дека ќе поверуваат во реформи, додека најважните ветувања од програмата останаа на хартија?
Владата нема со што да се пофали, па сега преку лажна помпа се обидуваат да го деморализираат нардот да ги казни на изборите.
Попусто се обидува Мицкоски да создаде илузија на поддршка која одамна ја нема. Вистината е болна за ВМРО-ДПМНЕ, по само една година владеење, народот е разочаран, ветените промени не постојат, а секојдневието на граѓаните е сè потешко.
Гледаме институционален хаос, партизација без срам, нула реформи во правдата, афери без разрешница и молк за сите скандали кои ги тресат институциите.
Во ваква состојба, Мицкоски може да повторува колку сака дека нема корупција и дека владата функционира стабилно, но народот не живее во наративот на премиерот, туку во реалноста што ја создаде неговата неспособна влада. И таа реалност е сурова.
Изјавите на Мицкоски не се израз на сила, туку одраз на паника. Паника поради изгубената доверба, растечкото незадоволство и се појасната порака од граѓаните, ова не е промената што ја очекуваа“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ заедно со припадниците на Батаљонот за специјални сили „Волци“, согласно условите на теренот, известија од ДЗС.
Стојанче Ангелов, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи ги предводеше активностите и на терен, на негов начин, рамо до рамо со специјалците. Акцијата којашто е стратешки превентивна мерка, за што беше потребно многу работа, практично многу расчистување за да се направи пресеката – бришан простор широк дваесетина и повеќе метри на големиот срт долг неколку километри дури до езерото Козјак.
Инаку, после завршувањето Ангелов изврши извидување и се врати заедно со последните специјалци. Денеска е извојувана битка, но борбата продолжува за да се зачува што повеќе од прекрасната шумата во Јасен, велат од ДЗС.