Македонија
Стартуваше македонската регата на Јадранот

Шеснаесет брода од едриличарскиот клуб Пампур составени исклучиво од македонски екипаж, денеска ја започнаа регатата на Јадранското море
Шеснаесет брода од едриличарскиот клуб Пампур составени исклучиво од македонски екипаж, денеска ја започнаа регатата на Јадранското море, јави репортерот на Макфакс.Бродовите испловија на отворено море од марината Каштела, близу Сплит, со што го започнаа својот тренинг, денеска на поволни временски услови, за разлика од изминатите неколку дена, кога имаше силна бура на Јадранот.Првите неколку дена од регатата Пампур е резервирана за тренинг на екипажите, додека два дена се натпреварувачки.Почетокот на натпреварот е на Островот Вис во правец на Милна (Брач) со должина од 25 наутички милји, и соодветно до Пакленски Острови на Хвар со дополнителни 25 наутички милји.
“Ова е најмасовниот собир на македонски морепловци досега. Поради масовноста на екипажи, годинава воведовме две класи на бродови, до 45 фита и бродови чија големина престига 45 фита. Како и секоја регата, особено внимание посветуваме на безбедноста на екипажот и ги преземавме сите мерки на заштита. Наредните неколку дена се резервирани за тренинг при што ќе се вежбаат поморските вештини како и тактичко техничко подготовки за официјалниот натпреварувачки дел од Регатата”, изјави претседателот на едриличарскиот клуб Пампур, Александар Пајковски.
Директорот на регатата пак, Коце Петров изјави дека е пријатно изненаден од натпреварувачкиот дух на сите екипажи годинава.„Оваа регата ќе биде неизвесна до самиот финиш. Се радувам на доброто време кое ни претходи, но доколку условите се промената на лошо, маршутата на регатата ќе се ревидира и адаптира на временските услови кои ни претстојат. Секако прва мисла ни е безбедноста на сите учесници на регатата“, објасни Петров.
Репортерот на Макфакс е приклучен кон екипата Вертиго Вејв, која плови со 15 метарска едрилица и која воедно е еден од судиските, односно регатните бродови.
Повеќе фотографии тука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.