Македонија
????????? ????? ?? ?????? ??????? ??? ?? ?????? ????? ?? ?? ???????
Судскиот совет на денешната седница избра 17 нови судии низ судовите во државава. Најмногу судии Советот изгласа за новиот Виш Управен суд и тоа 12. Три места останаа непотполнети заради што Советот ќе распише повторно оглас.
Судскиот совет на денешната седница избра 17 нови судии низ судовите во државава. Најмногу судии Советот изгласа за новиот Виш Управен суд и тоа 12. Три места останаа непотполнети заради што Советот ќе распише повторно оглас. Пред да се гласа за овие судии челниот на судскиот совет Вели Ведат предложи, а Советот прифати новоизбраните судии да останат на своите досегашни работни места сè до формирањето на судот. Исто така, пред да се гласа членовите беа во дилема дали да ги прифатат кандидатурите на судии од други судови или само од Управниот суд и оние кои работеле во државни органи. На оваа поставена дилема претседателката на Советот Александра Зафировска реплицираше дека сите судови се државни органи. Дилемата беше поставена бидејќи во Уставниот суд треба да се одлучува за одредбата според која судии во Вишиот суд може да бидат само од Управниот суд. Но изборот помина Беа избрани вработена во МВР , судии од Управниот суд, јавен обвинител. Интересна борба се случуваше за избор на петмина судии во Апелациониот суд во Скопје кој за скопските судии од организиран криминал е атрактивен суд. Но, од скопска единица влегоа двајца од кривичниот оддел. На седницата беа предложени дури 20 кандидати, но беа избрани само тројца. Советот ќе распише повторно конкурс за две места. Интересна ситуација беше кога требаше да се избере кандидат за судија во Врховен суд. Беа предложени петмина кандидати од кои ниту еден не доби мнозинство. Судија за Врховен суд не беше избран, конкурс повторно ќе има. Судскиот совет го задолжи членот Бојан Ефтимов кој е надлежен за контрола на работењето во судот во Радовиш да испита зошто во овој суд никој не се пријавува за претседател. Денес беше трет обид на ист кандидат кој никако да го добие мнозинството. На седницата беа избрани судии во Апелација Гостивар и Штип и беше предложено да се води сметка дека во судовите нема избрани кандидати за судии од турска националност. крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?”, што се одржа во Скопје.
Гостите ја потврдија јасната заложба на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, како и брзо и целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, преку посегање по креативни решенија во овој исклучително тежок геополитички моментум.
Претседателката, низ призма на принципите и вредностите гарантирани со европските конститутивни акти, презентираше свои видувања и предлози за излез од блокадата.
Гостите изразија не само интерес, туку и подготвеност да помогнат во надминувањето на неодржливиот status quo во којшто се наоѓаме, преку иницирање можни решенија во рамките на Европскиот парламент.
Претседателката го поздрави конструктивниот пристап на АЛДЕ, во духот на европските демократски принципи и вредности.
На средбата присуствуваа Свења Хан, претседателка на АЛДЕ и германска европратеничка, Рик Дамс, потпретседател на АЛДЕ и поранешен претседател на Парламентарно Собрание на Совет на Европа, Весна Пусиќ, прва претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕН) и поранешна вицепремиерка и МНР на Хрватска, Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија и Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала.

