Македонија
Османи: Ќе се бара одржливо решение за финансиска стабилност на болниците

Министерот за здравство Бујар Османи од среда почна серија средби со претставници на институциите кои се надлежни за финансиското работење на болниците за да се обезбеди нивна трајна финансиска стабилност
Серијата средби, министерот Бујар Османи ја започнаа со директорката на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева – Змејкова.И покрај тоа што пред повеќе од една година Владата им ги намири старите долгови на болниците, во текот на 2009 година некои од болниците направија нови.„Логично е дека долговите треба да ги платат оние што ги направиле и не може веднаш да се префрлат на системот. Треба еднаш засекогаш да престане практиката да се очекува долговите да ги враќа министерството или владата. Министерството прави се што е во негова моќ и надлежност да помогне болниците ги вратат долговите, меѓутоа најбитно е да не генерираат нови“ рече министерот за здравство Бујар Османи. Според него највисока цел на министерството е пациентите да имаат пристап до здравствени услуги кога им треба и како им треба. „Фондот ќе ги покрие трошоците на болниците кои се генерираат во давањето на здравствените услуги, меѓутоа се друго што не поврзано со давањето на здравствени услуги од типот на плати надоместоци и награди треба да се одреди според можностите на болниците, а не спред желбите“ додаде Османи.Како што соопшти директорката на ФЗО, буџетот за здравството годинава останува ист во споредба на минатата година, односно 11 милијарди денари за 113 јавни здравствени институции. Таа истакна дека во некои болници ќе има зголемување, а во некои кратење на буџетите во однос на здравствените услуги што ги направиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.