Македонија
Зголемена френкфенција на Богородица и Табановце

Сообраќајот на патишта низ државата се одвива непречено, пo суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, а на останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. Според информација од Министерството за транспорт и врски, ве известуваме дека се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08 секоја тековна година. Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот. За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставeнa e соодветна сообраќајна сигнализација (табли).На патниот правец Гостивар – Охрид од 1 јули 2013 има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00 – 24:00 часот, сабота и недела 07:00 – 24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година.На сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента)./амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Пратениците да го поддржат предлог – законот за укинување на двојазичните декларации“, бара Левица

„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со кој се укинува обврската за двојазични декларации на производите!“, велат од Левица
„Со овој Закон се исправa неправдата врз македонските производители и потрошувачи, кои со години се соочуваат со административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии.
Го повикуваме ДПМНЕ, кои во минатото тврдеше дека Законот за двојазичност е противуставен, сега да застане зад својот став и да гласа за укинување на оваа обврска, која не само што е правно спорна, туку и директно ги оштетува македонските производители и трговци, особено во време на економска криза.
Очекуваме сите пратеници кои вистински се залагаат за интересите на народот да го поддржат овој закон и да стават крај на непотребната бирократска заврзлама која ги става во неповолна положба македонските производители“, соопштуваат од Левица.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Крушево, -3 во Виница, -2 во Штип, Маврови Анови и Попова Шапка, -1 во Претор, Прилеп, Кавадарци и Струмица, 0 во Скопје-Петровец, Тетово и Битола, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија и Велес, 3 во Гевгелија,
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локални врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7 степени.
Во Скопје претежно облачно, во делови од котлината со услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Македонија
Следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Од вечерните часови и преку ноќта во планинските региони ќе има услови за слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег.