Македонија
Претседателот Иванов ги посети Богданци и Гевгелија
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ги посети општините Богданци и Гевгелија
Заедно со црковни претставници и претставници на локалните власти на општина Богданци, претседателот Иванов ги посети остатоците од манастирот – засолниште на „Свети Апостол Павле“.„Апостол Павле со доаѓање на тлото на Европа ја шири идејата за мир, ја шири идејата за сплотување на луѓето, односно онаа основа на која денес се гради западната цивилизација. Самото присуство на изворот на тоа место, на човекот кој е дел од таа западна култура, ни создава и обврска ние како земја на некој начин тоа да го промовираме, да го чуваме и да го негуваме, затоа што и самото присуство на католичката и на православната црква укажува дека владее духот на обединување во Маедонија, а Македонија се обидува да покаже дека знае како тоа да го сочува“, изјави претседателот Иванов по посетата на манастирот „Свети Апостол Павле“.Импресиониран од денешната посета на манастирот, тој изрази надеж дека ќе има можност во пресрет на големиот христијански празник Света Богородица да посети и други места во државата, што претставуваат гордост за државата и на кои треба да им се даде она значење што го заслужуваат.Шефот на државата Ѓорге Иванов придружуван од локалните власти на општина Гевгелија изврши обиколка на скијачкиот центар „Кожуф“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

