Македонија
Мирен протест и молитва за изградба на Бурмали џамија
Околу 300 луѓе се собраа денеска на плоштадот Македонија, на мултикултурна манифестација што имаше за цел изразување поддршка за изградба на Бурмали џамија.
Околу 300 луѓе се собраа денеска на плоштадот Македонија, на мултикултурна манифестација што имаше за цел изразување поддршка за изградба на Бурмали џамија.Со албански, ромски, турски, македонски и бошњачки песни, организаторите испратија порака „по мирен пат да се дојде до решение за изградба на оваа џамија“.„Ние овде се собравме за нешто убаво и бараме од нашата татковина Македонија да ни го даде она што е наше и да ни ја дозволи изградбата на оваа џамија која порано била на ова место“, рече Рамадан Рамадани, член на Кординативното тело за изградба на Бурмали џамија.Манифестацијата ја обезбедуваа поголем број полицајци, а организаторите најавија дека ќе продолжат со активностите се додека не биде изградена џамијата.И покрај противењето од страна на Исламската верска заедница(ИВЗ) за изведување на молитва на отворено без нивно одобрение, учесниците на манифестацијата сепак извршија верски обред. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

