Свет
Во Осло почна судење за планиран напад врз дански весник
Тројца норвешки државјани се обвинети дека со помош на Ал Каеда планирале бомбашки напад врз данскиот дневен весник Jyllands-Posten поради објавувањето на контроверзните карикатури на пророкот Мухамед во 2005 година, во вторникот се изјасниле пред судот дека не се виновни.
Тројца норвешки државјани се обвинети дека со помош на Ал Каеда планирале бомбашки напад врз данскиот дневен весник Jyllands-Posten поради објавувањето на контроверзните карикатури на пророкот Мухамед во 2005 година, во вторникот се изјасниле пред судот дека не се виновни.Микаел Давуд кој има ујгурско потекло. Шван Саеед Бујак Курд од Ирак и Узбекистанецот Давид Јакобсен го отфрлиле сите точки од обвинението, пренесува Reuters. Обвинителот Геир Евангер првиот ден од судењето во својот воведен збор рекол дека Давуд научил како да употребува експлозив во камп за обука на Ал Каеда во Пакистан, кога склучил „договор“ со меѓународната терористичка мрежа за напад врз данскиот весник. Тројцата обвинети набавиле материјали како што се јаглероден пероксид и ацетон, рекол обвинителот кој ги обвинува Бујак и Јакобсен и за планирање на убиство на карикатуристот Курт Вестергард кој го нацрта пророкот Мухамед со бомба во турбанот. Адвокатот на Давуд тврди дека станува збор за „пионерски“ судски случај кој ќе претставува тест за новиот норвешки закон за тероризам. Објавувањето на карикатурите кон крајот на 2005-та и почетокот на 2006 година во повеќе европски весници предизвика бран гневни протести низ Далечниот исток и Африка. На почетокот од ноември во подметнат пожар беше уништена редакцијата ан францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo откако на насловната страница ја објави слика на пророкот Мухамед. „Терористите се оние кои направија од пророкот заложник. Никогаш не сум рекол дека станува збор за Мухамед. Сакав да покажам дека има терористи кои го користат сламот и Куранот како фасада“, рече пред една година Курт Вестегард, 75-годишниот карикатурист, кој се наоѓа под полициска заштита обајснувајќи ја спорната карикатура.Овој цртеж, рече тогаш Вестегард има сопствен живот низ целиот свет.Според него, карикатурата стана нешто како симбол и тој случајно ја има истата судбина како неа.Во јануари 2010 година данската полиција спречи атентат Вестергард. Сомалиец на 28-годишна возраст вооружен со секира и нож, се обиде да влезе во домот на авторот. Кога 74-годишниот Вестергард го забележал Сомалиецот, веднаш ја алармирал полицијата и се затворил во „безбедната соба“ во неговата куќа. Напаѓачот кој имал дозвола за престој во Данска, бил припадник на сомалиската исламистичка организација Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда и нејзини акции во источна Африка. Полицијата го следела поради врски со исламистичи групи.Вастергор стана познат во септември 2005 г. кога весникот Jyllands-Posten објави негови карикатури со ликот на пророкот Мухамед, кои предизвикаа гнев меѓу муслиманите и го прогласија за муртед, односно човек кој може каде и да е и кога и да е да биде убиен, а тој што ќе го изврши убиството ќе биде почестен. Јануарскиот, беше 12-ти обид за убиство на Вастергор во последниве четири години.Во Данска, муслиманската заедница претставува околу 3 отсто од 5,5 милионското население.Во муслиманската верска традиција се смета дека секој опис на Пророкот е навредлив. Во 2006 г. други весници повторно објавија карикатури со пророкот Мухамед, што предизвика насилство во голем број земји. Три дански амбасади беа нападнати и најмалку 50 луѓе беа убиени во немирите на Блискиот Исток, во Африка и Азија. Неколку млади муслимани се осуден во Данска под обвинение дека планирале бомбашки напади, делумно во знак на протест на карикатури.Во 2008 г., водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен се закани дека Европа ќе биде казнета за објавување на карикатурите./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шест нови имиња откриени од архивата за Епстин, расте притисокот за целосна транспарентност
Откриен е идентитетот на шест лица oд досиејата за Џефри Епстин, чиишто имиња досега не биле објавени. Информацијата ја објави конгресменот Ро Кана, демократ од Калифорнија, наведувајќи дека станува збор за Салватор Нуари, Зураб Микеладзе, Леоник Леонов, Никол Капуто, Султан Ахмед бин Сулајем и милијардерот и претприемач Лесли Векснер, пренесува „Њузвик“.
Кана и републиканскиот конгресмен Томас Меси од Кентаки го обвинија американското Министерство за правда (DOJ) дека неосновано ги криело овие информации од јавноста.
„Моето прашање е зошто Томас Меси и јас моравме лично да одиме во Министерството за правда за имињата на овие шестмина да станат јавни“, изјави Кана за време на расправа во Претставничкиот дом. „Ако за два часа откривме шест имиња што ги криеле, замислете колку уште лица прикриваат во три милиони документи.“
Министерството за правда неодамна објави повеќе од три милиони страници документи, како и илјадници фотографии и видеа од истрагите поврзани со Епстин, финансиски магнат и осуден сексуален престапник кој во 2019 година изврши самоубиство во затвор додека чекаше судење за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.
Иако властите тврдат дека со тоа ги исполниле обврските од Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, и натаму трае расправата околу тоа кои податоци се затемнети, од кои причини и дали ќе биде потребно дополнително објавување документи.
Кана и Меси побараа целосно објавување на сите документи поврзани со Епстин, тврдејќи дека Министерството го прекршува Законот за транспарентност. Шесте објавени имиња, според нив, се сметаат за потенцијални соучесници.
Најпознатото име на листата е Лесли Векснер.
„Не гледам ниту една одредба во законот што дозволува имињата на овие мажи да бидат затемнети“, изјави Меси. „Станува збор за список од дваесет лица. Максвел и Епстин се наведени, можеби уште едно или две лица, а сите останати се скриени.“
Меси додаде дека имињата „веројатно се инкриминирачки“, наведувајќи дека едно лице наводно има висока позиција во странска влада.
„Едно од другите имиња е многу истакната личност“, додаде Кана.
Според него, дополнителна загриженост предизвикува фактот што многу делови од досиејата и понатаму се затемнети. Тој тврди и дека Министерството наводно „масовно ги затемнило“ сите женски имиња, што отвори нови прашања за можни учесници во мрежата на Епстин.
Пред донесувањето на Законот за транспарентност на досиејата на Епстин во ноември, претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација изразуваа скепса кон целосното објавување на документите. Белата куќа и Министерството за правда првично беа воздржани, но Трамп подоцна го промени ставот и го потпиша законот.
Заменик-државниот обвинител Тод Бланш минатиот месец изјави дека Министерството не се обидува да го заштити Трамп при објавувањето на документите. Трамп повеќепати негираше каква било поврзаност со кривичните дела на Епстин и никогаш не бил обвинет во тој случај.
Анализа на „Њујорк тајмс“ покажала дека во објавените документи Трамп, Меланија Трамп, неговиот клуб Мар-а-Лаго и поврзани теми се спомнуваат повеќе од 38.000 пати. Тие наводи не имплицираат кривична одговорност и вклучуваат новински текстови, интерни расправи во Министерството, летни дневници, електронски пораки и непроверени пријави.
Сè поизвесно е дека Министерството за правда би можело да биде принудено да објави дополнителни информации, вклучително и претходно задржани имиња на потенцијални соучесници. Сè уште не е јасно кои податоци се заштитуваат и од кои причини, што предизвикува сè поголем јавен и политички притисок за целосна транспарентност.
Свет
Трамп најави можност за ново воено засилување кон Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека размислува да испрати втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, доколку пропаднат преговорите со Иран.
Тој рече дека САД веќе имаат „армада“ во регионот и дека опциите се јасни: „Или ќе постигнеме договор или ќе мора да направиме нешто многу остро, како и минатиот пат.“
Во моментов во регионот е распоредена ударната група околу носачот „USS Abraham Lincoln“, а американски претставник потврдил дека се воделе разговори за дополнително засилување.
Иако воено го засилува присуството, Трамп изразил оптимизам дека Иран сега посериозно пристапува кон преговорите, кои беа обновени во Оман.
Спорна точка останува иранската позиција дека нема да преговара за ништо освен за нуклеарната програма, и тоа без откажување од збогатување ураниум. Трамп изјави дека евентуален договор треба да го опфати нуклеарната програма и иранските балистички ракети.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигнува во Вашингтон на разговори, додека Иран ја засилува дипломатската активност преку Оман и Катар.
Свет
Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк
Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа.
Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори.
На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да ги погоди сите поаѓања од Германија. Ќе бидат засегнати и товарните летови.
Засега не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпаролот на компанијата изјави дека очекуваат подетални информации од синдикатите.
Пилотите минатата година со мнозинство гласови одлучиле да преземат индустриска акција поради барањата за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензии.
Синдикатот „UFO“ со штрајкот, кој е свикан без гласање, сака да го натера работодавачот на преговори за колективните договори во матичната компанија Луфтханза и во регионалната подружница „CityLine“. Само во „CityLine“, наводно, околу 800 работни места се загрозени поради овој потег.
Според билтенот на синдикатот, управата одбива преговори. Во матичната компанија досега безуспешно се чекало отворање на разговори за колективен договор.

