Свет
Вартоломеј после долго време ќе ја посети Москва
Вселенскиот патријарх Вартоломеј во мај ќе ја посети Русија после долго време, соопшти Одделот за надворешни работи при Московската патријаршија
„Тоа ќе биде официјална посета на Вселенскиот патријарх , прва по долги години“, изјавил архиепископот Иларион, претседател на Одделот за надворешни работи при Московската патријаршија.Според неговите зборови, посетата ќе се оствари благодарение на „суштествено подобрените односи со Константинополскиот патријархат“ во 2009 година.Односите на православна Москва со Константинопол се влошија откако патријархот Вартоломеј се вмеша во црковната политика со Украина. Но во однос на тоа прашање, архиепископот Иларион потврдил дека „нема ни писмени, ни усни официјални договарања за ураинската тематика“.„Сепак, може да се каже дека динамиката на преговарање што се водеше во 2009 година, покажа дека двата патријархати нема да посегаат по канонската територија на другиот“, додава владиката.Проблемот со Украина во односите меѓу двете највлијателни црковни страни се состои во тоа што, долго време украинските власти се обидуваат да ја отфрлат јуридикцијата на Московската патријаршија и верниците да ги припојат кон Вселенската патријаршија, која понуди автономија без учество на Москва. Посетите што и претходникот Алексеј Втори и патријархот Кирил во последниве години ги остварија во Украина, како и посетата на патријархот Вартоломеј, овозможија да се избегне заострување на ситуацијата, оценува РИА Новости.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

