Црна хроника
По трет пат одложено судењето за сообраќајката кај Католичка
По трет пат се одложи судењето за сообраќајната несреќа што се случи пред една година, на 15-ти ноември, кога беше прегазен шеснаесетгодишниот Иван Белински.
Судењето се одложи бидејќи одбраната на обвинетиот, Џенис Мекиќ не го доставило до судот дополнителното стручно мислење од техничкото вештачење што го побараа уште на првото рочиште.Судијката го опомена адвокатот, бидејќи, според неа, судењето непотребно се одолговлекува, а одбраната имала можност, а не го доставила стручното мислење со коешто треба да се запознаат обвинителството и судот.„Стручното мислење го добивме пред неколку дена и листата на докази ќе биде доставена во писмена форма уште утре за да се запознаат судот и обвинителството. Немаме намера да го одоговлекуваме судењето, сакаме да се утврди правилно фактичката состојба. По доказите кои ќе бидат доставени, судот ќе има јасна слика за немилиот настан“, рече адвокатот на обвинетиот, Асмир Алиспаиќ.Родителите на загинатото момче се револтирани зошто судењето постојано се одложува, па кога судијката го закажуваше новото рочиште дофрлија „Па закажете го во 2016 година“. Првото рочиште, на 30-ти септември беше одложено поради неизготвеното техничко вештачење кое дополнително го бараше одбраната, а следното рочиште беше одложено поради смртен случај на судечкиот судија. Тогаш одбраната рече дека вештачењето било готово.Сообраќајката се случи пред една година, а обвинение за случајот беше покренато на 5-ти мај. Според обвинението, Мекиќ со голема брзина, од 100 километри на час, го прегазил малолетникот кој во тој момент со уште двајца пешаци минувал на обележан пешачки премин. „Како резултат на ударот и падот на пешакот на коловозот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди што довеле до развивање на трауматски шок, пореметување и престанок на функцијата на важни витални органи и починал“, се вели во обвинението.Обвинетиот не е во притвор, а ќе одговара за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.Судењето е презакажано за 2 декември./крај/мф/ффс
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos
Црна хроника
Двајца малолетници без возачка фатени зад волан во Охрид и Струга, одземени автомобилите
Два одвоени случаи на управување возило од страна на малолетници без положен возачки испит се регистрирани ноќеска во Охрид и Струга.
Во 23:40 часот, на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при сообраќајна контрола исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неколку часа подоцна, на 2 март 2026 година во 01:15 часот, при сообраќајна контрола во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од малолетник без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор, возилото било одземено, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

