Свет
Израелски функционер не патува во Шпанија од страв дека ќе биде уапсен
Поранешниот шеф на израелската внатрешна безбедност, Ави Дихтер, откажа патување во Шпанија поради страв дека ќе биде уапсен за воени злосторства
Ави Дихтер, кој сега е пратеник во израелскиот парламент, требаше да ја предводи израелската делегација на мировна конференција, која почнува денеска. Тој во Шпанија е обвинет за злосторства против човештвото поради неговата улога во воздушниот напад во Појасот Газа од 2002 година, во кој беа убиени еден командант на Хамас и 14 цивили.Шпанскиот суд го отфрли обвинението, но портпаролот на Дихтер Нисан Зееви изјави дека Шпанија не може да гарантира дека Дихтер нема да биде уапсен кога ќе пристигне.Пропалестинските адвокати во европските судови поднесоа голем број обвиненија за воени злосторства против израелски функционери. Ниту еден случај до сега не е покренат, но повеќе израелски функционери ги откажуваат своите патувања во Европа, во страв дека ќе бидат уапсени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.