Македонија
Демонстрантите згрозени од „иронијата и цинизмот на МВР“
Граѓаните кои веќе десетти ден протестираат на улиците во Скопје, поради убиството на Мартин Нешковски од страна на полицискиот специјалец, задоволни се од брзиот одговор на министерството за внатрешни работи
Граѓаните кои веќе десетти ден протестираат на улиците во Скопје, поради убиството на Мартин Нешковски од страна на полицискиот специјалец, задоволни се од брзиот одговор на министерството за внатрешни работи, но згрозени се од ,како што велат, иронијата и цинизмот на МВР.
„МВР во едно од своите соопштенија за јавност во текот на вчерашниот ден призна дека до 2006 година работело под влијание на СДСМ, а од 2006 година е под влијание на ВМРО ДПМНЕ, оттука не ни е јасно со кој рационален аргумент може да се спротивстават на иницијативата за Независен систем на контрола од страна на независна група граѓани“ се вели во соопштението на граѓанската иницијатива против полициската бруталност.
Демонстрантите се разочарани и од нивото на свесноста на Министерството за внатрешни работи за концептот на човекови права, бидејќи со своите одговори МВР покажало дека за нив, човековите права се гарантирани затоа што сме добиле визна либерализација и затоа што Македонија членува во поткомитетот против тортура при ОН.
„Дали припадниците на МВР заборавија дека некогаш и тие беа млади, убави и независни? Во нашиот свет има многу бои и слободна критичка мисла, затоа во следниот период ќе доставиме коментар по однос на одговорите на нашите барања доставени од МВР“, додаваат во соопштението.
Граѓаните се обраќаат и до полицискиот синдикат и велат дека тие бараат повторно регулирање на одредени норми за кои сметаат дека не функционираат во нашиот правен систем, без да го напаѓаат целиот полициски состав.
Младите и денеска ќе протестираат во центарот на Скопје, од споменикот на Мајка Тереза, ќе продолжат пред гимназија „Јосип Броз Тито“, булевар Климент Охридски – соборен храм и пред Влада. Денеска ќе им се приклучат и демонстранти од Прилеп.Во меѓувреме, од Основниот суд 1 велат дека истрагата е во тек, секојдневно се испрашуваат сведоци, но не откриваат детали во интерес на истрагата.
Не соопштуваат ниту колку сведоци се досега испрашани, ниту дали ќе се проширува истрагата. Се очекува наскоро предметот да го предадат до јавното обвинителство.
Засега за убиството одреден му е триесет и дневен притвор на „тигарот“ Игор Спасов, кој до смрт го претепа Мартин Нешковски пред десетина дена на плоштадот Македонија кога се славеше изборната победа./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

