Свет
Обвинителството во Минхен се откажа од барањето Демјанјук да се врати во затвор
Јавното обвинителство во Минхен објави дека се откажува од барањето, поранешниот чувар на нацистичкиот логор Џон Демјанјук, повторно да се најде зад решетки.
Јавното обвинителство во Минхен објави дека се откажува од барањето, поранешниот чувар на нацистичкиот логор Џон Демјанјук, повторно да се најде зад решетки. Демјанјук во мај беше осуден на петгодишна затворска казна поради вмешаност во убивањето на Евреите. Со оглед на тоа дека регионалната баварска влада, 91-годишниот Демјанјук во меѓувреме, поради болеста, го смести во дом за стари лица, а полицијата потврди дека таму е добро сместен, обвинителството оцени дека не постојат никави услови тој да избега. Судот во Минхен, во процесот кој траеше 18 месеци, утврди дека Демјанјук бил чувар во нацистичкиот логор Собибор во Полска, шест месеци во текот на 1943 година. Во тој период биле убиени 27.900 Евреи, во најголем дел од Холандија. Демјанјук по протерувањето од САД, каде живееше од 50-те години на минатиот век, за време на судскиот процес и истрагата во затвор мина речиси две години. /крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми
Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската агенција ИРНА.
„Раиси загина во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на леталото“, се наведува во извештајот на иранската државна новинска агенција.
ИРНА не ја прецизираше природата на дефектот на хеликоптерот, објави ТАСС.
Екипите за пасување со часови ја пребаруваа нерамната површина од густа шума низ дожд и магла пред да го пронајдат местото на несреќата. Немаше преживеани.
Хеликоптерот со претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.