Свет
САД се подготвуваат да ја нападнат Русија за три-четири години
Ова го рекол рускиот воен аналитичар Константин Сивков за рускиот весник Правда
„Сакам да се обрати внимание на фактот дека на американската воеан академија Вест поинт неодамна е започната програма за учење на руската култура и јазик. Ирачката култура и арапскиот јазик таму почнаа да го учат три години пред инвазијата врз Ирак“, рекол Константин Сивков.Тој се осврнува во својата анализа на новите американски бази кои ќе с еградат во Романија и во Бугарија, велејќи дека почетно таму нема да има голем број американски впјници, но и дека никој не може да гарантира дека таа бројка за некое време нема повеќекратно да биде зголемена. Според Сивков, за неколку години Русија ќе биде целосно опколена со бази во кои ќе има американски војници.Аналитичарот иронично забележува дека сигурно на САД базите во Црно Море не им се потребни за бораба против троризмот, затоа што Романија од Блискиот исток е одалечена илјадници километри. Според Сивков овие бази ќе им служат на Американците да обезбедат гас и нафта од Каспиското Езеро.Русија не ги прифати без реакции одлуките на Вашингтон да гради воени бази во Бугарија и Романија на кои ќе потроши 110 милиони доалри. Во Бугарија базата треба да биде активна во 2010 г., додека романската ќе биде готова за две до три години, за во нив треба да бидат според сегашните најави стационирани околу четири илајди американски војници. Овие бази се прават врз база на планот на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш од 2004 г. Според проектот, Пентагон предолжи дел од 55-те илјади војници во Германија да бидат префрлени во бази во Источна Европа. Директорот на рускиот Институт за политички и воени анализи, Александар Крамчикин, пак, вели дека овие планови се стари околу десет години.„На Американците им се потребни повеќе бази за акции на Блискиот исток. Тие имаат бази во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија, кои се недоволни за сите нивни потреби“, вели
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италија и Полска нема да се приклучат кон Oдборот за мир на Трамп
Италија и Полска објавија дека нема да се приклучат на новиот „Одбор за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп, иницијатива која беше замислена како инструмент за прекин на огнот во Појасот Газа, но која Трамп сака да ја прошири на глобално ниво.
Повеќе западни земји се воздржани поради поканата до Русија и Белорусија, стравувајќи дека Одборот би можел да стане паралелен механизам на Обединетите нации.
Полскиот премиер Доналд Туск рече дека земјата нема да се приклучи „во овие околности“, но ја остава можноста отворена за понатамошна анализа.
Италија, пак, има „уставна пречка“ за влез во вакви структури кои не обезбедуваат еднакви услови за сите членки, објасни шефот на дипломатијата Антонио Тајани. Премиерката Џорџа Мелони претходно побарала од Трамп да ги смени правилата за да може Италија да се приклучи.
Свет
Зеленски лут за недостигот од „Патриот“ – претставник на НАТО вели: Не е доцнење, туку логистика“
Недостигот од пресретнувачки ракети од системот „Патриот“ со кој се соочија украинските вооружени сили во јануари – а кој ѝ овозможи на руската армија да нанесе штети на енергетската инфраструктура – не е поврзан со доцнења во плаќањата од европските донатори или со други финансиски проблеми, изјави претставник на НАТО во Брисел, во очи состанокот на министрите за одбрана на Алијансата, пренесува „Европска правда“.
Анонимен функционер од НАТО, вклучен во набавката на американско оружје за Украина, нагласи дека не постоело никакво доцнење или застој во испораките поради финансирање. Според него, ракетите што се испраќаат преку програмата PURL пристигнуваат со најголема можна брзина според капацитетите на американскиот логистички систем.
„Од јули досега, нема дополнителни прекини. Програмата се одвива според планот“, изјави тој.
Нагласи и дека структурата на американските резерви за ПВО значи дека спомнатото „доцнење со плаќање“ во Киев не може да влијае на испораките. „САД не одложува поради финансии“, додаде.
Иако ги негираше финансиските проблеми како причина за доцнењата, НАТО-претставникот призна дека загриженоста на украинскиот претседател е разбирлива.
„Зеленски е сосема во право – Украина критично се соочува со недостиг од муниција, особено од ракети PAC-2 и PAC-3“, рече тој. Дури и механизмот PURL не може целосно да го задоволи бараниот обем кога Русија врши масовни напади и го преоптоварува украинскиот ПВО-систем.
„Логистиката е непредвидлива – не можеме точно да кажеме кој ден ракета ќе ја премине границата“, објасни официјалниот претставник, но повтори дека тоа не зависи од финансирањето, туку од логистичките синџири.
Зеленски, на Светскиот економски форум во Давос претходно годинава, го искажа незадоволството, посочувајќи дека „траншата од PURL не е платена – ракетите не дојдоа“. По таа изјава, НАТО соопшти дека неколку земји-партнери ќе ѝ помогнат на Украина со ракети од сопствени резерви.
Шест земји кои досега најмногу придонеле за набавка на американско оружје за Украина, според украинскиот амбасадор при НАТО, се: Норвешка, Холандија, Германија, Канада, Шведска и Данска.
Свет
ЕУ одобри 90 милијарди евра за Украина
Европскиот парламент денеска го одобри пакетот финансиска помош за Украина во висина од 90 милијарди евра, наменет за поддршка на јавните служби и одбранбените капацитети на земјата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави брзото гласање и порача: „Храброста на Украина е непоколеблива. Како и решителноста на Европа да биде на нејзина страна. Денес и утре!“
Средствата ќе се распределуваат преку два главни механизми: 30 милијарди евра: како макроекономска поддршка (макрофинансиска помош или преку инструментот „За Украина“); 60 милијарди евра: за јакнење на украинската одбранбена индустрија и набавка на воена опрема, вклучително и од ЕУ-производители.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го нарече гласањето „витален спас за Украина“, нагласувајќи дека средствата ќе обезбедат континуитет на јавните служби и ќе ја зајакнат одбраната.
Пакетот сè уште треба формално да го одобри Советот на ЕУ, по што Европската комисија ќе може да ја исплати првата транша, очекувано во вториот квартал од 2026.
Претходно, ЕУ-членките се согласија дека во 2026 и 2027 Украина ќе се финансира преку задолжување на пазарите на капитал, бидејќи не беше постигнат консензус за користење на замрзнатиот руски имот.

