Црна хроника
Кавадарчанец за неполни два месеца извршил 19 тешки кражби во Скопје
СВР-Скопје по превземените дополнителни мерки и активности, до надлежното ОЈО поднесе уште две кривични пријави против 21-годишниот О.А. од Кавадарци со привремен престој во Скопје, поради основано сомнение дека извршил уште 19 кривични дела од кои 13 „тешки кражби“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ и шест „тешки кражби во обид“ предвидени и казниви по чл. 236/19 од КЗ на РМ.
Кривичните дела пријавениот ги извршил во временскиот период од 06.12.2015 до средината на јануари годинава, притоа осум извршени преку ден, а 11 во ноќните и во раните утрински часови на подрачјата на Аеродром и Центар при што се здобил со противправна имотна корист од околу 507 илјади денари. Од вкупно 19 кривични дела, осум се извршени во деловни простории, 10 во станови и едно во куќа.
Кривичните дела тешки кражби во деловните објекти О.А. ги извршувал на тој начин што со употреба на метална хебла насилно ги кршел влезните врати, а додека пак тешките кражби во становите и куќата ги извршувал на тој начин што со удар со нога насилно ги отворал влезните врати, влегувал внатре вршел претурање и пребарување по собите при што одземал разни предмети: златен накит, техничка стока (лап-топ компјутери, таблети, телевизори, мобилни телефони, фото апарати) и други вредни предмети. Украдениот златен накит го продавал во златара во центарот на Скопје, дел од украдената техничката стока ја продавал на дивиот пазар на Кале а додека пак дел ја заменувал за наркотична дрога марихуана.
Пријавениот е и претходно познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 2009 до 2015 година поднесени му се 41 кривична пријава. Исто така пријавениот поседува досие во Гостивар, Струга и Охрид./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

