Регион
Тројца загинати, 13 повредени во автобуска несреќа во БиХ
Најмалку три лица загинаа, а 13 се повредени во неделата навечер при излетување на автобус од пат недалеку од границата меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора, изестија полициски извори.
Околу 23.00 часот автобус кој сообраќај на линијата од Пале до Херцег Нови, од засега неутврдени причини, излета од патот во близина на Фоча, во југоисточниот дел на БиХ.
Полициски увид е во тек, а на терен е излезен и јавен обвинител.
Повредените лица, од кои едно лице е со потешки овреди, сместени се во болницата во Фоча. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.
Регион
Пеколна ноќ на Санторини: земјата не престана да се тресе, силни потреси следуваа еден по друг
На грчкиот остров Санторини синоќа беше најтешката ноќ во последните денови бидејќи 20-ина земјотреси со јачина над 4 степени според Рихтеровата скала ја тресеа областа од еден часот по полноќ.
Голем земјотрес е регистриран во 7.51 часот по локално време, североисточно од Анафи, со јачина од 4,6 степени. Половина час подоцна следуваше уште еден со јачина од 4,3 степени, а со интензитет од 4,5 е забележан нешто пред 10 часот.
Земјотресите над 4 степени според Рихтеровата скала принудија голем број жители на островот да скокнат од креветот во страв, објави „Прототема“. Најсилниот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи синоќа.
Сеизмичката активност продолжи синоќа во морската област меѓу Аморгос и Санторини.
Областа беше погодена од повеќе од 6.400 земјотреси во изминатите девет дена, што предизвика загриженост кај научниците и жителите, од кои многумина го напуштија островот.
Во вторникот беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени, чиј епицентар се наоѓа на 22 километра југозападно од градот Аркесини на островот Аморгос.
Според податоците на Националниот универзитет во Атина (НКУА), сеизмичката активност ги покажува карактеристиките на т.н. рој на земјотреси, име што се користи за опишување серија земјотреси, од кои ниеден не бил значително посилен од другите и не може да се карактеризира како голем сеизмички настан.
НКУА наведува дека се можни две сценарија: бројот на сеизмички активности би можел постепено да се намалува со помали потреси во текот на следните неколку месеци или ројот земјотреси може да предизвика поголем, главен земјотрес, проследен со типична секвенција од последователни потреси.
Многумина одлучија да ги напуштат островите, што доведе до голем метеж на пристаништата, но планирани се дополнителни фериботи и воздушни линии за секој што сака да ги напушти.
Од безбедносни причини училиштата на Санторини, Анафи, Иос и на Аморгос ќе бидат затворени до петок.
Регион
(Видео) Закана за бомба добија неколку училишта во Загреб
Неколку училишта во Загреб добија закани за бомби, објавија хрватските медиуми.
„Во текот на ноќта, образовните институции во областа на градот Загреб добија порака на нивните имејл адреси за можна поставеност на експлозивни направи. Полициски службеници се испратени на локациите и во моментов ја проверуваат веродостојноста на наводите во добиената електронска пошта“, соопшти хрватската полицијата.
„Неколку училишта во Загреб добија пријави за поставени експлозивни направи денеска. Во контакт сме со полицијата, чии пиротехничари веќе вршат увид во училиштата. Сите ученици се целосно безбедни надвор од училиштата, а сите надлежни служби преземаат максимални мерки за да се обезбеди нормализирање на ситуацијата што е можно поскоро“, потврдија од Град Загреб.
„Најостро го осудуваме овој неодговорен и опасен чин и изразуваме надеж дека сторителот(ите) брзо ќе бидат идентификувани и строго казнети“, соопштија од градот.
Во утринските часови исто така во мејловите на две образовни институции во Пожега пристигнала порака за можни експлозивни направи.
На локациите се испратени полициски службеници за преземање дополнителни мерки.