Македонија
Квалитетот на работата на лекарите ќе се оценува
Лекарите ќе се наградуваат или казнуваат со по 20 проценти месечно од платата во зависност квалитетот на работата. Ова се превидува со новиот проект на Министерството за здравство за плаќање на болниците по успешноста
Лекарите ќе се наградуваат или казнуваат со по 20 проценти месечно од платата во зависност квалитетот на работата. Ова се превидува со новиот проект на Министерството за здравство за плаќање на болниците по успешноста.
„Целта на овој проект е преку софтверско решение на дневна база да се евидентира и мери успешноста на здравствените работници, преку точно утврдени индикатори за институционална и индивидуална успешност. Со неговото донесување ќе се воведе нова динамика, квалитет и нов импулс“ изјави во понеделник во Скопје, министерот за здравство, Бујар Османи.
Овој пилот проект од почетокот на годинава се воведува во седум болници, а од министерството најавуваат дека понатаму ќе биде спроведен во сите болници.
Првите болници се Универзитетската клиника за кардиологија, клиниките за пулмологија и алергологија и максилофацијална хирургија, Градската болница „Свети Наум Охридски“ и клиничките болници во Битола, Штип и Тетово.
Средствата ќе бидат издвоени од средствата на болниците, а работата на лекарите ќе ја оценува стручна комисија од болницата. Овој модел, како што истакна министерот Османи доживеал револуција во Турција.
Со ова ќе почне да се регулира и дополнителната дејност на лекарите, нагласи министерот за здравство Бујар Османи. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

