Македонија
Почнуваат уписите во средните училишта

Првиот јунски уписен рок за запишување во јавните средни училишта почнува денеска. Полуматурантите во текот на денешниот и утрешниот ден ќе можат да се запишуваат во прва година средно образовани во учебната 2011/2012.
Првиот јунски уписен рок за запишување во јавните средни училишта почнува денеска. Полуматурантите во текот на денешниот и утрешниот ден ќе можат да се запишуваат во прва година средно образовани во учебната 2011/2012.Согласно конкурсот за запишување на ученици во средните училишта предвидени се 35.394 слободни места во 1.041 паралелка.Од овие паралелки 345 се во гимназиско (11.730 места), 671 стручно (22.814 места), 17 уметничко (578 места) и осум паралелки во спортска гимназија (или 272 места).На пријавувањето за упис учениците треба да поднесат пријава за запишување, која се подигнува од училиштето, оригинални свидетелства од петто до осмо одделение и извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 21 јуни.Како што информираат од МОН, годинава завршуваат 25.152 осмоодделенци и тоа: 15. 991 Македонци, 8.462 Албанци, 636 Турци, 17 Срби и 46 Бошњаци. Годинешниот конкурс пак нуди 10.000 места повеќе од вкупниот број завршени осмоодделенци, а со тоа имаат поголема можност за избор и професионална ориентација. Во училиштата каде што ќе се пријават повеќе ученици од планираното со еднаков број поени ќе се организира квалификациско тестирање од предметите значајни за струката. Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и во спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.Второто пријавување во јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе биде на 29-ти и 30 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 1 јули. Во вториот уписен рок пријавувањето и запишувањето на учениците е на 18 август./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од скопски Карпош и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска (петок ), без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улица Алжирска. (Општина Карпош)
· од 11:00 до 14:00 часот, дел корисниците од Новоселски Пат во околината на ОУ Тихомир Милошевски. (Општина Ѓорче Петров).
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( петок ) поради водоводен приклучок од Ф -80мм на ул.30 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе има за корисниците од нас.Трубарево од 09:00 часот до завршување на приклучокот (општина Гази Баба)
Македонија
Сончево и многу топло со температура до 40 степени, попладне краткотрајно невреме

Времето денеска, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.