Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи

Метеоролозите за во среда во Македонија најавуваат дека времето ќе биде претежно облачно, на пониските места со врнежи од дожд, a на повисоките со дожд и снег.
Повремено врнежите ќе имаат обилен и пороен карактер особено во западните делови каде на планините ќе се формира позначителна снежна покривка.Ќе дува умерен, но локално е можен и засилен ветер од јужен правец, а повеќе врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови.Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до 10 степени.Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, во попладневните и ноќните часови со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до шест степени. /ухмр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид“, велат од Алијансата за Албанците.
„Смирено сме фокусирани на нашата работа кон Октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки.
Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт.
Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови!“, се додава во соопштението.
Македонија
„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјава за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето неодговорно однесување, се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјава за остварување на стратешката цел – членството во ЕУ“, велат од ДУИ.
„Иако го поставија како прв приоритет во рамките на новата Влада, Премиерот и неговиот најблизок круг целосно се откажаа од европското досие, и тоа веќе не го кријат во нивните настапи.
Не само со небулозното одбивање на Уставното дополнувања со неколку малцинства, туку Премиерот наоколу се фали дека новата Влада успеала да ја надмудри и Грција во изигрување на преспанскиот „Ерга омнес“ и се фали дека сѐ помасовно се изоставува делот „Северна“ од името на земјава.
Најавија дека ќе оформат иницијатива за создавање консензус по прашањето на европската перспектива на земјава, што е преставува добра интенција.
Но во јавноста секојдневно ги гледаме како внатре водат „лов на вештерки“ за тоа кој извршил поголемо предавство, кој кажал „Северна“, кој бара Уставни измени итн.; додека во исто време и надвор создаваат непријатели наоколу и меѓу соседите, и во Брисел и во останатите европски политички центри.
Денес Владата не само што нема консензус за европската перспектива, туку јавно се расфрлаат со некакви апстрактни гаранции, кои, парадоксално, ние ѝ ги наметнуваме на ЕУ како услов, небаре нам ни е местото да ставиме бенчмарк од наша страна, доколку Европската Унија сака да ги продолжи преговорите со нас.
Политичката перверзија оди дотаму што никој точно не знае какви гаранции всушност ние бараме. Има нејасни пораки од кого тие се бараат, кој треба да ги испорача, кој треба да ги ревидира, да потврди дека се исполнети, од кого имаме поддршка за тоа итн.
Владата свесно создава „нов спор за името“ кој треба да ја држи земјата надвор од интегративните процеси кои ќе значат извлекување на земјата од балканската кал.
Република Северна Македонија денес е меѓународно изолирана земја која ниту остварува, и која ниту има официјални билатерални посети од нашите сојузници и партнери.
Обратно, земјава влегува во разни контроверзни партнерства со автократи;обезбедува финансиски средства од сомнителни избори, под нејасни околности и услови; а и најавува влегување на сомнителни и контроверзни бизниси во земјава.
На земјава ѝ е потребна нова политичка платформа која ќе има јасна европска перспектива, преку зачувување на националното достоинство на сите граѓани и сите етнички заедници.
Оваа влада целосно го загуби легитимитетот за остварување на таква платформа и затоа се потребни предвремени парламентарни избори“, соопшти ДУИ.
Македонија
Дел од општините Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот улицата Иван Аговски зграда бр.10 влез1, општина Карпош;
· Во периодот од 09:00 – 15:00 часот улицата Јабланица, улицата Саса, населба Пинтија, општина Кисела Вода.