Контакт

Македонија

Десетгодишнината од формирањето на граничната полиција одбележана со манифестација во Кавадарци

Објавено пред

Отворен ден со полицијата, по повод десетгодишнината од формирањето на граничната полиција при Министерството за внатрешни, се одржа во четврток на фудбалскиот стадион при спортскиот центар Јасмин во Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

На манифестацијата граѓаните, како и основците и младите од Кавадарци, Неготино и Росоман имаа можност преку контакти и разговор со полициските службеници да се информираат за се она што ги интересира од доменот на работата пред се на граничната полиција притоа запознавајќи се и со дел од техничките и други средства потребни во секојдневното функционирање на полицијата. Наедно беше изведена и куса показна вежба на Единицата за специјални задачи (спуштање со јажиња од хеликоптер).

Како што истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денес во рамки на Граничната полиција при МВР работат околу 1.750 полициски службеници распоредени во четирите сектори за гранични работи (“Север”, “Исток”, “Запад” и “Југ”).

Од формирањето на граничната полиција во 2004 година, како резултат од преземените реформски зафати во МВР во областа на интегрираното гранично управување, до денес оваа организациона единица на македонската полиција е нормативно, кадровски и технички целосно сообразена согласно стандардите и критериумите на ЕУ. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, Тошковски најави зајакнување на капацитетите за безбедност во сообраќајот

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми.

dobivaj vesti na viber

„Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – партнерство кое континуирано придонесува за подигање на нивото на сообраќајна безбедност. Ваквиот пристап е доказ дека заедништвото и координацијата меѓу институциите носат конкретни резултати за граѓаните, во овој случај за подобрување на безбедноста на патиштата.“, потенцираше министерот Тошковски.

„Во рамките на редовните активности за модернизација, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет и оваа година наменува дел од средствата за опремување на организациските единици на МВР задолжени за сообраќајна контрола. Опремата се состои од 23 мотоцикли во полициска изведба со комплетна мотоциклистичка опрема (одела, чизми, ракавици и кацига) во вкупна вредност од 11.950.027 денари со што значително се зајакнуваат капацитетите за регулирање и безбедност во сообраќајот. Овој пример уште еднаш ја докажува вредноста на меѓуинституционалната соработка.“, истакна претседателот на РСБСП Ангеловски.

Министерот Тошковски и претседателот Ангеловски се сложија дека и во иднина ќе продолжи соработката помеѓу РСБСП и МВР на високо професионално ниво – Безбедноста во сообраќајот е наш важен приоритет.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) „Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик“, прашува СДСМ

Објавено пред

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорача „историки резултати“ а наместо „горда Македонија“ коалициски партнери во Владата не го почитуваат ниту македонскиот јазик. На официјално обраќање, Вицепремиерот Арбен Фетаи, одби да одговара на македонски јазик. Со ладнокрвност порача дека „уште не бил спремен на македонски“. Тоа го кажа човек на висока функција во Владата на Мицкоски“, рече Јовица Јанковиќ, СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„А од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски молк. Нема реакција, нема извинување, нема барање за одговорност. Прашањето е едноставно: за ова ли на Мицкоски му требаа 58 пратеници? За уште поголемо непочитување на македонскиот јазик и институциите?

Ова не е изолиран случај. И други функционери од албанскиот блок во Владата на Мицкоски не се обраќаат на македонски и не одговараат на медиумите. А ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо.

Во јуни имаше сличен случај, Мицкоски излезе и кажа дека ако се повтори уште еднаш ќе биде разрешен директорот кој тогаш одби да зборува македонски јазик.

Ќе го разреши ли Мицкоски сега Фетаи? Или функционерите од власта се недоприливи? Уште колку пати Мицкоски ќе каже нешто па ќе го порече?

Законот за употреба на македонскиот јазик, донесен во 2024 година, предвидува и санкции за неупотреба на македонскиот јазик.

Казни од 1.500 до 3.000 евра за непочитување на употребата на македонскиот јазик има, ама нема кој да ги напише.

Прашањето е зошто? И дали намерно не се формираше Инспекторатот за ова самоволие на функционерите од власта вака да поминува.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на сето ова се прават глуви и слепи, како ништо да не се случува.

Се колнеа во „македонштина“, се бореа против француски предлог и „асимилација“, а денес не можат ни да обезбедат почитување на македонскиот јазик во сопствената Влада.

Ова е суштината на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски. Едно зборуваат, друго прават. Се колнеа во „патриотизам“, а денес македонскиот јазик – темел на нашиот идентитет – е понижен токму во Владата која тие ја водат.

СДСМ ќе продолжи гласно да се спротивставува на ова непочитување. Нема да дозволиме ниту молкот на Мицкоски, ниту ароганцијата на неговите коалициски партнери да ја избришат должноста на сите функционери да го почитуваат македонскиот јазик и граѓаните“, изјави Јанковиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Објавено пред

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни регистарски таблички.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, потврди дека сите институции ќе мора да ги заменат табличките до крајот на годината. Првичниот рок од 15 септември е продолжен до 29 септември, а како конечен датум се споменува 31 декември, кога Министерството за внатрешни работи треба да го финализира регистарот на возилата.

Новите црвени таблички со жолти ознаки ќе важат за сите возила во државна сопственост, а жолтите со црвени ознаки за специјални намени. Иако правилникот не предвидува казни за институциите што ќе доцнат, новите ознаки ќе станат задолжителни при првата регистрација. Според проценките, државата располага со околу 7.500 службени возила, но точната бројка ќе биде позната по изработката на регистарот.

За ЛДП, оваа мерка е јасна порака дека јавните ресурси не се лична привилегија на малкумина. Ова е петти наш предлог прифатен од државните претставници во изминатата година, по иницијативите за референдум за отповикување градоначалници, толкувањето на заклучоците од ЕУ и одложеното дејство на уставните измени, намалувањето на банкарските провизии и зголемените инвестиции во домашната одбранбена индустрија.

„Апелираме институциите навремено да ја завршат постапката и да ги заменат регистарските таблички во законскиот рок. Само така, со транспарентно работење и институционална дисциплина можеме да ги спречиме злоупотребите во иднина и повторно да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите“, велат од ЛДП.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет3 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа4 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет4 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа4 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа5 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа5 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа5 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија15 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија18 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија22 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија22 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ1 ден

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ1 ден

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија1 ден

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ1 ден

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија1 ден

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 ден

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...