Црна хроника
Почнува судењето за прегазената студентка од Крива Паланка
Во среда на пладне се очекува да започне судскиот процес за сообраќајната несреќа што се случи во април кај Универзалната сала во Скопје, кога беше прегазена дваесетгодишната студентка, Фросина Цековска од Крива Паланка.
Обвинителството во ноември, седум месеци по несреќата, поднесе обвинителен акт против дваесет и шестгодишен скопјанец кој се товари дека сторил две кривични дела, и тоа: кривично дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и кривично дело, неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.Во септември таткото на Фросина беше повикан во Обвинителството и тогаш изјави дека се сомнева дека возачот којшто сам се пријави ја возел „хондата“, и оти семејството е убедено дека некој друг бил зад воланот, лице коешто го штити „некој јак човек во државава“.Според таткото на девојката, Љупчо Цековски, папиларните линии од отпечатоците на воланот не се совпаѓале со папиларните линии на отпечатоците на дваесет ишестгодишниот скопјанец кој сам се пријави дека ја предизвикал несреќата.„Истрагата е насочена против лицето кое се пријавило, но има јаки сомнежи. Недостигот од папиларни линии, бришење на воланот, наоѓање разни отпечатоци на седиштата. Не се совпаѓаат папиларните линии на воланот со папиларните линии на убиецот. Сто отсто друг е“, рече Цековски во изјава за медиумите.Во текот на истрагата врз основа на Вештиот наод и мислење изработено од стручна институција – Биро за судски вештачења се утврдиле пропустите во однесувањето на осомничениот во сообраќајот кои придонеле за случување на сообраќајната несреќа.Утврдено било пречекорување на брзината со кое е управувано возилото, како и непосветување должно внимание од страна на осомничениот при приближување кон крстосница со означен пешачки премин.Од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија биле изработени две вештачења од кои се утврдија причинско – последичната врска помеѓу критичниот настан и смртта на жртвата Фросина Цековска од Крива Паланка, како и присуство на 1,23 промили на алкохол во крвта кај осомничениот во моментот на случување на сообраќајната несреќа.„Исто така, во текот на истрагата беа испитани и сведоци – очевидци на настанот кои се произнесоа по однос на релевантни околности од критичниот ден од местото на настанот, а во својство на сведок – оштетен беше испитан законскиот застапник – таткото на сега починатата Фросина Цековска“, соопштија од Обвинителството.Засега возачот на автомобилот е на слобода. Тој веднаш избега од местото на несреќата, но по дваесетина минути сам се пријави во полициската станица во Ѓорче Петров каде што раскажал што се случило./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

