Македонија
Правда реагира на изјавите на Фуере и Мемети
Министерството за правда реагира на изјавата на евроамбасадорот Ерван Фуере и Народниот правобранител Иџет Мемети за лошата состојба на затворот Идризово.
Министерството за правда реагира на изјавата на евроамбасадорот Ерван Фуере и Народниот правобранител Иџет Мемети за лошата состојба на затворот Идризово.
Управата за извршување на санкции не се согласува со наводите дека не е ништо направено за подобрување на состојбите во затворот „Идризово“.
Од таму напоменуваат дека во 2009 година, во Идризово било извршено комплетно реновирање на Старечкото одделение и комплетно реновирање на објектот Школо со капацитет од 150 лица.
„Изградени се три шеталишта во Затвореното одделение, изработена е платформа во петто и осмо крило, реновирани се сите санитарни јазли во второ, петто и осмо крило, комплетно се реновирани санитарните јазли во Женското одделение. Опремена е стоматолошка ординација и други работи што се однесуваат на подобрување на состојбите во Затворот“ се вели во соопштението.
Според Програмата за реновирање и изградба на казнено-поправните установи за 2010, планирано било и реновирање на Полуотвореното одделение со капацитет од 14 лица, како и набавка на тунелски рентген детектор, детекторски врати, рачни метал детектори и видео камери.
„За подобрување на здравствената состојба на осудените лица во Казнено-поправниот дом Идризово примени се вкупно 11 лица од здравствениот персонал, од кои само шест лекари во последните години“ се додава во соопштението. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче. По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.
ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.
Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Во сабота ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.