Македонија
Груевски најави зголемување на капитацискиот бод на 50 денари
Во февруари или март ќе дојде до зголемување на капитацискиот бод за матичните лекари од 45 на 50 денари, рече денеска премиерот Никола Груевски.
„Станува збор за она намалување што го имаше минатата година кај матичните лекари од 50 на 45 денари, кое што тогаш кажавме дека е дел од антикризните мерки и дека откако ќе започне попуштање на кризата, владата ќе се обиде да го врати тоа намалување на претходната позиција“, рече Груевски.
Тој додаде дека во Фондот за здравство завршиле пресметките и дека се создадени услови за во наредните месец до два да се реализира враќањето на 50 денари на капитацискиот бод, како што било ветено кога дојде до намалувањето во екот на светската криза.
„Сега кога доаѓаат првите знаци на олабавување се подготвуваме за враќање на 50 денари на капитацискиот бод за матичните лекари“ рече премиерот Груевски кој присуствуваше денес на промоцијата на 15 нови наслови од проектот „Превод на 1.000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДС тоне по рејтинг, но се обидува да го спаси и заштити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е во слободен пад 5 спрема 1 според анкетите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДС продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници.
Падот на рејтингот на СДС е директен резултат на молкот и распространеторста на криминалните шеми со ДУИ, но и покрај тоа СДС грчевито го штити Груби и не го повикува на одговорност пред правдата.
Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САД, најпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби. Се сруши и митот за Ахмети дека ниту се чесни, ниту се борат и ги штитат своите луѓе ниту пак дека се можат и се недопирливи.
Артан Груби е извршител на ДУИ и Ахмети а негови соучесници и асистенти се СДС.
Центарот на политичкиот криминал на СДС се Заев, Ковачевски, Филипче Спасовски.
Криминалните банди и фамилијарните кланови владееја и ја наметнуваа својата волја како сакаат и каде сакаат, а МВР под раководство на Спасовски не се спротивставуваше и дозволуваше хаосот да завладее додека беззаконието царуваше.
СДС ја окупираше државата во соработка со корумпирани судии и обвинители бирани во Струмица и Зајас, додека фамилијарните кланови под закрила на Ахмети и Заев со своите криминални делувања го уништуваа системот.
СДС делуваше во координација на ДУИ а Груби беше извршител, 7 години овие деструктивни сили го заробија системот и ја уназадија државата.
СДС дозволи криминалот и корупцијата да напредува додека народот осиромашуваше.
Артан Груби, СДС и ДУИ мислат дека од правдата ќе побегнат но засолниште за криминалците и сите оние што го прекршиле законот нема.
Одговрност мора да има. Место за криминалци во политиката нема.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извади државата од темната етапа во која ја доведоа СДС и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ напорно работи да обезбеди напредок, инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Измамата со кошничката се гледа во маркетите – повисоки цени наместо пониски“, велат од СДСМ
„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија. Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект“, велат од СДСМ.
„Изматата со „новогодишната кошничка“ се гледа во маркетите, наместо пониски има повисоки цени. Фактите зборуваат сами за себе:
Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари.
Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување.
Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм.
Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.
Ова се фактите кои потврдуваат дека мерките на власта не ја олеснуваат, туку ја влошуваат ситуацијата за граѓаните.
Трговците прво ги зголемија цените, а потоа мерките стапија во сила, без никаква реална корист за луѓето.
Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните“, соопшти СДСМ.
Македонија
Утрово најладно во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 се измерени во Попова Шапка, -5 во Скопје-Петровец, -4 во Крива Паланка, Битола, Велес, Демир Капија и Струмица, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Кавадарци и Гевгелија, -2 во Прилеп, Маврови Анови, Крушево, -1 во Виница, 1 во Претор, 2 во Охрид.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 33 сантиметри на Попова Шапка и 28 Маврови Анови.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Во првата половина од ноќта во најголем дел од земјава беше ведро, во југозападните делови умерено до значително облачно. Во втората половина облачноста постепено се зголемуваше. Утрово времето е променливо облачно, во крајните југоисточни делови со сончеви периоди, а по одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Времето денеска
Облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните југоисточни делови (над 25 l/m2). На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Попладне во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.