Свет
Висок столб чад над вулканот Етна на Сицилија

Висок столб чад од пепел се издига во четвртокот наутро над вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, каде што во средата беа регистрирани знаци на активност, соопшти Институтот за геофизика и вулканологија од Катанија.
Висок столб чад од пепел се издига во четвртокот наутро над вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, каде што во средата беа регистрирани знаци на активност, соопшти Институтот за геофизика и вулканологија од Катанија. Истекувањето на лавата е забележано на врвот од вулканот, на ново на новиот кратер на југоисток, во насока Вале дел Бова. Кризната група се состанала на аеродромот во Катанија за да ја следи ситуацијата и одлучи кои евентуални мерки ќе ги преземе. Засега воздушниот сообраќај не е во прекин. Столбот од пепел кој се издигнува пет илјади метри во височина во правец на југозапад. Од средата навечер активностите на вулканот станала поинтензивна. Институтот за геофизика и вулканологија не забележал сеизмичка активност./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници на палестинската милитантна група Хамас во Катар не била мудра.
Детали од разговорот објави Волстрит журнал, повикувајќи се на високи претставници на администрацијата.
Весникот наведува дека Трамп тоа го изјавил за време на жешкиот телефонски разговор со Нетанјаху во вторникот, по нападот врз припадници на Хамас во Доха, пренесува Ројтерс.
Според весникот, Нетанјаху одговорил дека имал краток временски простор за покренување на нападот и дека ја искористил можноста.
Вториот разговор меѓу двајцата лидери, кој се одржал подоцна истиот ден, според извор од претседателската администрација, бил срдачен, а Трамп го прашал Нетанјаху дали нападот бил успешен.
Свет
Ученик пукаше во средно училиште во Колорадо – двајца тинејџери повредени, напаѓачот почина

Ученик отвори оган во средно училиштево предградие на Денвер, Колорадо, при што бea повредени двајца тинејџери, а потоа напаѓачот го насочил оружјето кон себе. Подоцна властите потврдија дека починал.
Истрелите биле испукани и во внатрешноста и надвор од училиштето. Полицијата пристигнала на местото во рок од пет минути и го пронашла напаѓачот, соопшти портпаролката на шерифската канцеларија на округот Џеферсон, Џеки Кели. Таа истакна дека ниту еден полицаец не отворил оган.
Повеќе од 100 припадници на безбедносните сили од околината биле испратени да помогнат.
Повредените ученици биле пренесени во болница и првично биле во критична состојба. До вечерта, еден од нив бил стабилизиран.
Средното училиште „Евергрин“ брои повеќе од 900 ученици.
Округот Џеферсон е местото каде во 1999 година во пукањето во училиштето „Колумбајн“ беа убиени 14 лица.
Свет
Белорусија ја предупредила Полска за беспилотни летала во нејзин правец

Началникот на Генералштабот на полските вооружени сили, генерал Вислав Кукула, потврди дека Полска добила информации од Белорусија за беспилотни летала кои се движеле во нејзин правец, пренесува ТВN24.
Кукула ја потврди изјавата на Белорусија дека испратила предупредување до Полска во врска со леталата.
„Белорусите нè известија дека беспилотни летала го прелетуваат нивниот воздушен простор кон Полска“, изјави тој.
На прашањето за моментот на предупредувањето, рече дека тоа му било корисно, додавајќи дека е изненаден што Белорусија, и покрај напнатите односи на копнената граница, се одлучила за соработка од ваков вид.
Во меѓувреме, Полската армија соопшти дека соборила беспилотни летала кои го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина.
„Распоредено е оружје, а службите работат на лоцирање на соборените објекти. Се работи за сериозно нарушување на воздушниот простор“, соопшти Полската оперативна команда.
Премиерот Доналд Туск изјави дека најмалку 19 беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор. Досега се пронајдени остатоци од 15 беспилотни летала и ракети со неидентификувано потекло.