Македонија
Одлука – кој од кандидатите за пратеници бил кодош

Комисијата за верификација на фактите денеска треба да се состане и да донесе одлука кој од имињата на 11-те кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори бил соработник со тајните служби.
Комисијата за верификација на фактите денеска треба да се состане и да донесе одлука кој од имињата на 11-те кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори бил соработник со тајните служби.
Според неофицијалните информации, Комисијата денеска ќе донесе одлука за двајца кандидати чии имиња се нашле во документацијата во архивите, но ќе се проверува и дали уште едeн кандидат за пратеник би соработувал со службите.
Оваа одлука на Комисијата ќе биде донесена на два дена пред претстојните парламентарни изборите, со што неизвесно е дали овие кандидати ќе влезат во идниот парламент.
Досега комисијата лустрираше тројца кодоши, поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, лидерот на Сојузот на Титови леви сили, Слободан Угриновски и поранешен судија во Врховниот суд, чие име остана непознато. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче на конгрес на СПД во Берлин: Средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска, ќе присуствува на конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), кој под слоганот „Промената започнува со нас“ се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, соопшти утрово СДСМ.
Во рамки на конгресот претседателот Филипче ќе има средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл кој воедно е и ко-претседател на СПД. Предвидени се и билатерални средби со европски политичари и функционери присутни на конгресот.
На конгресот, на кој, меѓу другото, ќе се избира и новото раководство на СПД, ќе присуствуваат истакнати актуелни германски политичари и функционери, како и претседатели на социјалдемократски партии од Европа.
Поканата за присуство на Филипче на овој конгрес од СДСМ ја сметаат за израз на заедничката заложба за европска иднина, социјална правда и регионална соработка, засновани на вредностите на социјалдемократијата – еднаквост, солидарност и демократија.
Македонија
УХМР: Денес температури до 36 степени и ветер кој на места ќе дува и со над 70 километри на час

Управата за хидрометеоролшки работи за денес прогнозира сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој локално може да достигне и над 70 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Македонија
Од следната недела забрана за камиони над 15 тона на државните патишта за време на викенди и во денови со екстремно високи температури

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури,извести Авто-мото сојузот на Македонја (АМСМ).
Збраната ќе важи во термините:
петок од 17:00 – 22:00 часот,
сабота од 09:00 до 18:00 часот и
недела од 09:00 до 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со Јавното претпријатие за државни патишта.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
петок од 15:00 – 22:00 часот,
сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот.
Од АМСМ велат дека овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.
И ова ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.