Македонија
Груевски: СДСМ ги тера граѓаните да протестираат
Премиерот Никола Груевски изјави дека СДСМ ги тера граѓаните да протестираат верувајќи дека на тој начин ќе се создаде слика за лошо работење на Владата.
Премиерот Никола Груевски изјави дека СДСМ ги тера граѓаните да протестираат верувајќи дека на тој начин ќе се создаде слика за лошо работење на Владата.
Тој вели дека стилот на работење на Бранко Црвенковски е да создаде политички тензии.
„Тие со месеци се јавуваат по различни групации стечајци, млекари, професионални војници што се назадоволни од нешто, практично ги убедуваат ги тераат понекогаш и малку и на сила да излезат и да протестираат верувајќи дека на тој начин ќе создадат слика за лошо работење на Владата“, рече Премиерот.
Груевски вели дека социјалдемократскиот сојуз се јавуваат по домови и им даваат лажни надежи за тоа доколку излезат на протест ќе им овозможат вработување кога ќе дојдат на власт.
На новинарско прашање во врска со состојбата на лозарите тој изјави дека ситуацијата била предизвикана од дејствувањето на винариите и од лошото снаоѓање од продажбата на виното.
„Оваа година обезбедивме само 15 милиони евра за лозарите на различни начини кога видовме дека и на винариите им оди тешко најдовме начин и за нив да одвоиме средства за подршка во правец на извоз на виното и во правец на откуп на новата реколта на грозје“, рече Премиерот.
Лозарите во петокот ги отстранија блокадите по постигнатиот договор со Владата да се коригира цената за откуп и да се намалат шеќерните единици, а за килограм грозје предадено на домашните винарии лозарите ќе добиваат дополнителни два денари./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

