Македонија
СДСМ: Тодоровиќ ја злоупотребува функцијата за унапредување на својот бизнис
Опозициската СДСМ го обвини денеска градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ дека ја злоупотребува функцијата за унапредување на својот бизнис.
Опозициската СДСМ го обвини денеска градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ дека ја злоупотребува функцијата за унапредување на својот бизнис.
Мирослав Шиповиќ, претседател на општинскиот одбор на СДСМ во Центар обвини дека пред една недела во 05 часот наутро, спротивно на генералниот урбанистички план, спротивно на волјата на граѓаните, по налог на неговиот шеф Груевски, градоначалникот Тодоровиќ донел скандалозен урбанистички план со кој спроти хотелот “Бристол“ овозможи да се градат две десетокатници и мегаломанска катна гаража од 21 метар.
По обелоденувањето на аферата во еден печатен медиум дека Државната агенција за храна закупува простор во трговскиот центар “Зебра“, Шиповиќ вели дека Тодоровиќ не го исполнил ветувањето дека нема да ја злоупотребува функцијата за унапредување на својот бизнис.
„Се потврдува дека Тодоровиќ, како и другите функционери на ВМРО ДПМНЕ, не ја говори вистината. Државната агенција за храна закупува простор во трговскиот центар “Зебра“ и со народни пари ќе му плаќа на Тодоровиќ кирија. Бараме, ВМРО ДПМНЕ во чии раце се министерството за транспорт и врски и државниот катастар, да ни одговорат пред колку време е издаден имотниот лист за комплексот “Зебра“? Го прашуваме Тодоровиќ, дали и оваа нова бизнис зделка меѓу “Зебра“ и Агенцијата за храна е во интерес на граѓаните на Центар?“ прашува опозицијата./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.
Македонија
Гаши – Форнавре: Односите меѓу Шведска и Северна Македонија се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство Шведска – Северна Македонија на шведскиот Риксдаг, предводена од претседателката на Групата, Лота Џонсон Форнарве.
На средбата присуствуваше шведскиот амбасадор во нашата земја, Ола Солстром, како и претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, Дафина Стојаноска.
Претседателот Гаши ја истакна долгогодишната поддршка и пријателство на Кралството Шведска кон нашата земја, нагласувајќи дека односите меѓу двете држави се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување.
Посебно беше изразено задоволство од формирањето на Групата за пријателство со Северна Македонија во шведскиот Риксдаг, што претставува важен чекор кон унапредување на парламентарната соработка.
Пратеничката Дафина Стојаноска упати благодарност за континуираната шведска поддршка за стратешката цел на нашата земја – полноправно членство во Европската Унија.
Се разговараше за остварување проекти во следниот период во повеќе области – земјоделство, бизнис, родова еднаквост, што ќе значи континуитет на поддршка и пријателство.
Присутните соговорници се согласија дека интензивната меѓусебна комуникација и размената на искуства придонесуваат кон приближување на државите и народите на Шведска и Северна Македонија.
Македонија
Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
Даме Димитровски е избран за нов претседател на Советот на Град Скопје. Тој кажа дека Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност.
„Денеска, на конститутивната седница на Советот на Град Скопје, сум избран за претседател на Советот. Благодарност до советниците за довербата и до скопјани за поддршката. Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност. Ќе бидеме активен чувар на јавниот интерес и ќе работиме доследно на спроведување на темелните политики: чист град, функционален јавен превоз, безбеден сообраќај, повеќе зеленило и современи јавни услуги“, рече Димитровски.

